“BEAUTY EXPO ’24“: Од 15-17 март во хотел Александар Палас

“BEAUTY EXPO ’24 “ - Саемот за козметика, нега на коса и естетика “Beauty Expo 24”ќе се одржи по вторпат во Скопје, во хотелот Александар Палас од 15ти до 17ти март. 

beauty-expo-2024-od-15-do-17-mart-vo-hotel-aleksandar-palace-01.jpg

Самиот саем нуди одлична можност да се истакнат силните страни на секој професионален бренд и компанија која будно ги прати трендовите и новитетите во beauty индустријата.

Посетителите на саемот имаат можност да се запознаат со сите новитети на пазарот и beauty индустријата согласно 2023/24 година.

Богатата програма која ќе биде дел од саемот во сите три дена ќе биде одлична можност за следење на Public spot едукативни презентации, набавување на производи по промотивни саемски цени и Ова е одлична можност за стекнување на знаење за производи и третмани преку бесплатни презентации и обуки.

Овој одлично организиран настан  е наменет за секој посетител како краен потрошувач но и за козметичари и оние кои работат во оваа област.

Секоја девојка или жена која сака да набави професионални производи за домашна нега по големи саемски попусти ќе има исклучителна можност да го дополни својот арсенал со се она што и е потребно

Водител и домаќин на настанот е познатата инфлуенсерка Миа Костова

На штандовите на саемот ќе има богата понуда, како :

  • Производи за нега на раце и стапала, педикир, маникир
  • Опрема за салони за убавина (козметички,фризерски,wellness и спа центри)
  • Wellness производи
  • Декоративна козметика
  • Парфеми
  • Фармацевтски производи
  • Диетски суплементи
  • Естетски ординации
  • Дерматолошки ординации
  • Школи и едукативни центри за нега и убавина

Дополнително ова е одлична можност за стекнување на знаење за производи и третмани преку бесплатни презентации и обуки.

ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРОГРАМА

Петок -15.03.2024

Саемот ќе се отвори во петок во 18ч за посетители.

Во 20ч ќе има официјално отварање со богата програма.
Сабота-16.03.2024

Саемот се отвара за посетители во 09ч - се затвара во 21ч.
Недела-17.03.2024

Саемот се отвара за посетители во 09ч. - се затвара во 19ч Влезниците се со цена од 200 ден. А можат да се набават на влез на саем во х.Александар Палас или он лајн на купикартизасе.цоm За сите новитети и информации во врска со саемот:
https://www.instagram.com/saemzakozmetikamk/
https://www.facebook.com/saemzakozmetikamk
https://beautyexpo.mk/

Организатори на саемот се Арт Школа за убавина и магазинот Во Бело.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg