„Креативен ден“ - Кога уметноста и љубовта кон модата се прегрнуваат и стануваат едно
- Детали
- петок, 01 март 2024
ГИ САКАМ ЛУЃЕТО КОИ КРЕИРААТ. ТИЕ ЛИЧНОСТИ НЕКАКО ПОБЛИСКУ СЕ ДО МОИТЕ СФАЌАЊА. СПОРЕД МЕНЕ, СТВОРЕНИ СМЕ ДА СОЗДАВАМЕ И СЕКОЈ МОЖЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО ТОЈ ТВОРЕЧКИ МОМЕНТУМ. САМО ТРЕБА МАЛКУ НАСМЕВКА И УБАВА ЕНЕРГИЈА. АКО СЕТО ТОА ГО ЗАЧИНИМЕ СО ТАЛЕНТ, ДОБИВАМЕ СОВРШЕН МИКС. ВО НАШОТ СЛУЧАЈ, НА 1ВИ ЈУНИ ЌЕ ДОБИЕМЕ СОВРШЕНА МОДНА ПРИКАЗНА, НАСТАНОТ НАСЛОВЕН КАКО „КРЕАТИВЕН ДЕН“.
На кафе во Бела Куќа Хотел Бистро, поразговаравме со уште еден од тимовите на настанот кој според нашиот фокус, е тенденција што ги спојува модните иновации со едукативниот процес. Големината на идејата се препознава во апелот кој самиот настан го нагласува. Да се поттикнат и мотиивраат идните генерации, младите модни дизајнери, иноватори за оваа професија. Токму на ова место ги споменуваме и ,,Perwoll Renew” и сите оние кои ја слушнаа и препознаа идејата на настанот „Креативен ден“.
…И НЕ СЛУЧАЈНО ГО ОДБРАВМЕ ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ ЗА НАШЕТО КАФЕ. НЕКАКО СПОНТАНО РАЗВИВМЕ ДИСКУСИЈА НА ТЕМА: ШТО КОГА УМЕТНОСТА И ЉУБОВТА КОН МОДАТА СЕ ПРЕГРНУВААТ И СТАНУВААТ ЕДНО?
Разговараме за „Креативен ден“ и подготовките околу настанот. На кафе со тимот на Ирена Стојчевска, моден дизајнер. Оливера Трајкова професор по виолина во Државното музичко училиште – Битола и во случајот дамата што ќе ја носи креацијата и ученичката Кристина Стојчевска.
„Уште многу одамна конзуласка Битола била синоним за високата мода“. – Вели Ирена Стојчевска на нашето прашање во врска со ексклузивноста на настанот „Креативен ден“ .
„Ексклузивноста ја гледам во тоа што креациите на учениците, можеби идни дизајнери, ќе бидат претставени од успешните дами на Битола. Чест ми е и задоволство што сум дел од овој проект веќе трета година.
ИРЕНА ШТО ЗНАЧИ ДА СЕ БИДЕ МОДЕН ДИЗАЈНЕР И ПРОФЕСОР КОЈ ГО ВОДИ ПРОЦЕСОТ? КАКВА Е ВАШАТА СОРАБОТКА СО ТИМОТ?
Се радувам што можам да придонесам и да предадам дел од себе на следните генерации. Во соработка со тимот, секогаш практикувам мојот дел да го завршам професионално и одговорно. Не смееме да ја заборвиме обврската, одговорнота, навременоста. Но, секако и љубовта. А кога зборуваме за љубов, апелот го насочувам кон идните генерации кои според мене, треба да бидат уште посамоуверени, смели и горди кога сонуваат, за потоа да се уште погорди дека ги оставриле своите цели.
…И откако апсолутно се согласивме со ставот на Ирена се надополни и Кристина (ученичката).
Оваа година сум покреативна од лани – забележа оваа млада госпоѓица. – Планирам да создадам своја кариера и да не застанам тука.
МЛАДАТА СТОЈЧЕВСКА, НАВИСТИНА НЕ ИЗНЕНАДИ СО НЕЈЗИНИТЕ ИЗВОНРЕДНИ ИДЕИ, КРЕАТИВНОСТ И ЦЕЛА ТАА МЛАДЕШКА ВЕДРИНА И ВОЗБУДА ШТО Е ДЕЛ ОД ВАКОВ ГОЛЕМ НАСТАН. СО ПОСЕБЕН АКЦЕНТ КОН ТВОРЕШТВОТО, СТОЈЧЕВСКА НЕ ФАСЦИНИРА СО НЕЈЗИНИТЕ СКИЦИ НА МОДЕЛИ.
Во врска со настанот и подготовките на истиот, поразговаравме и со една шармантна дама која ќе ја носи овогодинешната креација. Оливера и не е толку далеку од уметничкиот крик и го носи со себе како елегантен урбан привезок. Извонреден музичар, виолинист, овој пат во улога на дамата во тимот.
„На покана на госпоѓата Весна Божиловиќ, минатата година имав голема чест да земам учество на настанот „Креативен ден“ во музичкиот дел од ревијата. – Се потсети Оливера – Сакајќи да направам спој на овие две уметности и истовремено да дадам посебен акцент на убавината, возвишеноста и нежноста на една дама, заедно со пијанистката Татјана Божиновска одлучивме да ја изведеме добро познатата композиција „ Мирисот на жената“.
РАЗБУДИ СЕ: ОЛИВЕРА ШТО ЗНАЧИ МОДА ЗА ВАС?
На мое големо изненадување оваа година добив покана да учествувам на овој настан како модел. И да бидам дел од тимот на дизајнерката Ирена Стојчевска и ученичката Кристина Стојчевска. Младата и талентирана Кристина, ученичка која изобилува со креативност, палета на идеи и индивидуалност во креациите, ми презентира неколку нејзини прекрасни модни дизајни. Се одлучив за модел што мислам дека најмногу ми прилега на мојот стил на облекување. И секако на виситински начин го отсликува мојот карактер.
Со Ирена разговаравме за деталите околу целата креација, боја, избор на материјал, детали и искрено се воодушевив од нејзините идеи и стручноста што ја поседува. Веднаш добив впечаток дека Ирена е жена која не само што си ја сака својата работа, туку таа и ужива во тоа што го работи. Несебично го споделува своето знаење и искуство со нашите идни надежи, младите модни дизајнери. Како педагог со долгогодишно искуство и музички изведувач со многубројни настапи на сцена, сметам дека токму тука „лежи” успехот на секој поединец. Не само да работиш, туку и да уживаш во тоа што го работиш.
…А НА НАШЕТО ПРАШАЊЕ: „КОЈ Е „ДРЕС КОДОТ“ НА ЕДНА ВИСТИНСКА ДАМА?“, ТРАЈКОВА ЗАБЕЛЕЖА:
Модните дизајнери креираат творби и со тоа наметнуваат одреден тренд, како треба да изгледа и да се облекува еден човек. Модата не би требало да ги опфаќа само последните најпопуларни и најнови светски трендови. По дефиниција таа претствува применета уметност на дизајн и естетика (убавина) на облека и е под влијание на културата и општествениот однос.
Јас во оваа дефиниција би го истакнала зборот УМЕТНОСТ, бидејќи навистина сметам дека облекувањето е уметност.
Тука доаѓам до прашањето кој е dress code или кодексот на облекување на една дама. Кодексот на облекување е збир на правила и е создаден од општествените перцепции и норми. Според мене, истиот треба да зависи од настанот на кој треба да присуствуваме, основата на целта која сакаме да ја постигнеме со нашата појава, а со посебен акцент на индивидуалноста на личноста и она што значи отсликување на сопствениот идентитет, кога станува збор како треба да изгледаме и каков моден дизајн треба да имаме на себе. Дизајнот треба да е олицетворение на нашата личност и да го претставува нашиот став кон модата.
Специфичноста на мојата професија носи одредени правила кога станува збор за кодексот на облекување поврзано со настанот на кој што треба да присуствувам или и самата да земам учество на истиот. Мојот изглед на сцена кога настапувам и изведувам класична музика понекогаш претставуваат вистински предизвик за мене, но секогаш се трудам да направам спој на она што го изведувам и модното парче или модниот детал кој го носам на себе.
НА ПРАШАЊЕТО КОЈ Е “ДРЕС КОДОТ” НА ЕДНА ДАМА ЌЕ РЕЧАМ: ОТМЕНОСТ,ПРЕФИНЕТОСТ И ВКУС НЕ САМО ВО ОБЛЕКУВАЊЕ ТУКУ И ВО ОДНЕСУВАЊЕ. СО ЕДЕН ЗБОР – ЕЛЕГАНЦИЈА.
За крај наздравивме со чаша вино во име на љубовта, уметноста и модниот крик на конзулска Битола. Наздравивме во име на настанот што пулсира во тоа име. Во име на урбаното, елегантното, креативното. Во име на еден псоебен ден! На „КРЕАТИВЕН ДЕН“ – 1ви Јуни 2024 (Сабота) 20:00 часот – КИЦ Офицерски Дом Битола!