Бесплатна онлајн работилница за родителство: Позитивна дисциплина
- Детали
- четврток, 22 февруари 2024
Учествувајте во бесплатната работилница за позитивна дисциплина. Со овој избор веќе сте на пат да станете подобар родител за себе и за вашите деца!
Работилницата ќе биде целосно онлајн преку платформата Zoom и секој од вас ќе има можност да учествува во вежбите.
Работилница ќе се одржи на 28.2.2024, среда, од 19:00 до 20:00ч.
Пријавувањето е ТУКА.
Работилницата ќе ја одржат Елена Граматикова и д-р Соња Китановска - Кимовска, сертифицирани едукатори за родители според методот на позитивна дисциплина.
За кого е оваа работилница?
Работилницата е направена за свесни родители кои сакаат да учат и да се подобруваат во родителувањето преку позитивна дисциплина и конекција.
На работилницата ќе работиме со алатки од позитивната дисциплина и ќе пробаме да ја објасниме позадината на однесувањето на детето.
Ќе научите како:
- да креирате поголема конекција со детето
- да го разберете детето и детската перспектива
- да му помогнете на детето да стане самоуверена и автентична личност
- да ја развиете емоционалната интелигенција кај детето
- да ги препознаете грешките кај себе како родител и како правилно да се носите со нив
- Позитивната дисиплина нуди алатки и техники како да се справиме со секоја ситуација во родителувањето. Ајде заедно да истражиме дел од нив!