Одбројуваме до Златна бубамара: Насмејте сѐ, ќе се сликаме!

Ги одбројуваме деновите до одржувањето на 27. Златна бубамара на популарноста, закажана на 22.02. во арената „Борис Трајковски“.

odbrojuvame-do-zlatna-bubamara-nasmejte-se-kje-se-slikame-01.jpg

Картите за овогодишниот спектакл се продадоа со рекордна брзина – зашто кај нас, ако имате карта, не ви треба нова лична карта ни пасош. Освен тоа, кај нас забавата секогаш е - безгранична.

odbrojuvame-do-zlatna-bubamara-nasmejte-se-kje-se-slikame-04.jpg

Поради големиот број апликации, денес се пуштени уште дополнителни и последни 150 карти за овогодишната манифестација, на која закажуваме заедничко фотографирање за пасоши и лични карти, а може и за возачки дозволи.

odbrojuvame-do-zlatna-bubamara-nasmejte-se-kje-se-slikame-02.jpg

Ако во четврток, за време на манифестацијата добиете нова возачка, на пример, не мора да се плашите од сообраќајна контрола, зашто кај нас, согласно со духот на времето, ќе се пие – гола вода. Така, по овогодишната манифестација, ќе излезете од арената „Борис Трајковски“ апсолутно трезни – за се што се случува околу нас.

Затоа, барајте карти за Златна бубамара. За цена не се прашува. Важно е да си таму.

odbrojuvame-do-zlatna-bubamara-nasmejte-se-kje-se-slikame-03.jpg

Последните карти се во продажба од денес – насмејте се, ќе се сликаме!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg