„Винодонија“ на 8 и 9 декември во хотел „Мериот“
- Детали
- вторник, 28 ноември 2023
Седмото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, и годинава во елегантната атмосфера на хотелот Мериот на 8 и 9 декември (петок и сабота), ќе ги израдува сите вљубеници на оваа божја напивка а работното време во двата дена ќе биде од 15- 21.00 часот.
„Винодинија“ стана традиција иако многумина ја нарекуваат- рај за хедонисти, бидејќи ја негува винската страст, промовира добри вина, настан што освен едукативен карактер со години ја потврдува својата цел: подигнување на винската свест и супериорен развој на нашата винска култура.
Организаторите најавуваат настан полн со можности: гостите да дегустираат вина од 80 винарии со импресивна бројка од 600 етикети, нашите уметници-винари ќе ги донесат најдобрите вина, но ова е прилика да се истражат и дегустираат и странските вина кои во последните години се сѐ позастапени кај нас.
Во рамките на салонот ќе можат да се вкусат гастрономски брендови што ќе го потенцираат вкусот на виното, а ќе биде застапена и гурманската традицијата на Слоу Фуд Македонија.
„Винодонија“ по правило ќе понуди едукативен пристап кон виното: освен дегустации за два дена ќе се случат неколку работилници и мастер класови, ќе се слуша џез, вистински конекции во развивањето на винската култура во нашата земја.