Мастерклас со еден од најдобрите слаткари на светот ја отвора 8-мата недела на италијанска кујна

Федерико Анцелоти, еден од најдобрите слаткари на светот, денес во хотел Лимак во Скопје, во присуство на повеќе од 130 готвачи и слаткари, одржа мастерклас со што се означи почетокот на Неделата на италијанска кујна. 

masterklas-so-eden-od-najdobrite-slatkari-na-svetot-ja-otvora-8mata-nedela-na-italijanska-kujna-02.jpg

Настанот го отвори Амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри, кој во оваа прилика потсети дека дека оваа година италијанските министерства за земјоделие и за култура поднесоа кандидатура за вклучување на италијанската кујна во листата на нематеријални културни наследства на човештвото под заштита на УНЕСКО. Кандидатурата носи наслов „Италијанската кујна, помеѓу одржливоста и био-културната разновидност“, со што се потенцира културниот и социјалниот елемент карактеристичен за италијанската кујна, но и одржливоста со која таа се одликува, бидејќи италијанската кујна се заснова на почитување на биодиверзитетот и на сезонските и територијалните карактеристики на италијанското поднебје. 

masterklas-so-eden-od-najdobrite-slatkari-na-svetot-ja-otvora-8mata-nedela-na-italijanska-kujna-05_copy.JPG

Во таа прилика Амбасадорот Силвестри му го врачи на Џино Гуацини, успешниот  претприемач  во чевларската индустрија и сопственик на ресторанот „Кај Џино“ во Скопје, одликувањето “Витез на Редот Ѕвезда на Италија” кое секоја година Претседателот на Република Италија им го доделува на лица кои имаат особени заслуги во промоцијата на италијанската култура и вредности во странство.

masterklas-so-eden-od-najdobrite-slatkari-na-svetot-ja-otvora-8mata-nedela-na-italijanska-kujna-06.JPG

Учесниците на мастеркласот имаа прилика да го следат подготвувањето и рецептите на некои од најсофистицираните италијански слатки лично од Маестро Анцелоти. 

Познатиот слактар и чоколатиер, Федерико Анцелоти, од дете го привлекува светот на слатките, и од рана возраст станува дел од него, растејќи меѓу аромите и вкусовите на фамилијарната слактарница “Dolci e Sensazioni", и подоцна посетувајќи специјализирани академии. По завршување на образованието, посетува специјализирани курсеви во некои од најреномираните школи за слаткарство каде учи од најдобрите предавачи во Италија и странство. 

masterklas-so-eden-od-najdobrite-slatkari-na-svetot-ja-otvora-8mata-nedela-na-italijanska-kujna-07.jpg

Во 1998 година одлучува повторно да ја активира фамилијарната слаткарница “Dolci e Sensazioni" која ја добива во наследство од родителите во местото Миљанико, комплетно ја реновира и воведува производство на широка лепеза слаткарски производи и чоколадо. 

Страста кон чоколадото која Анцелоти не престанува да ја негува и развива, му овозможува да стане експерт во оваа област, главен консултант на некои од најголемите имиња во индустријата на чоколадото и одговорен за Кластерот за какaо во рамките на ЕКСПО 2015.

masterklas-so-eden-od-najdobrite-slatkari-na-svetot-ja-otvora-8mata-nedela-na-italijanska-kujna-03.jpg

Од 2006 година тој е главен организатор на Форумот за слаткарство на саемот SIGEP во Римини, најважен саем од доменот на слаткарството во Италија. 

Исто така, организатор е на италијанскиот Шампионат за слаткарство кој се одржува под покровителство на Престедателот на Италија и е лидер на националниот тим за слаткарство на Италија кога учествува на меѓународни натпревари. 

Од 2007 до 2019 година, маестро Федерико Анцелоти е Претседател на Националното Здружение на слаткари на Р.Италија, кои брои повеѓе од 20.000 членови. 

Во 2011 година местро Федерико Анцелоти освојува 1во место на Светкиот Куп по Слаткарство,  додека минатата година е  добитник на наградата “Prix au Chef Pâtissier“ од Меѓународната Академија за Гастрономија ( Académie Internationale de la Gastronomie) и со тоа е прогласен за еден од 5-тте најдобри слаткари во светот. 

masterklas-so-eden-od-najdobrite-slatkari-na-svetot-ja-otvora-8mata-nedela-na-italijanska-kujna-04.jpg

Во 2015 година ја објавува книгата “ L'Italia del Gusto". Во 2016 година Анцелоти одлучува да го пресели својот бизнис во центарот на Пескара, прво со брендот “Dolce Passione", а потоа со брендот “Emozioni Italiane". Во 2020 година, на барање на Министерството за Надворешни работи на Италија и  ИТА тој е автор на два научни труда посветени на какаото и кафето.

Настаните од Неделата на италијанската кујна продолжува во наредните десет дена. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg