Првиот настап во Скопје распродаден! Велевски го објави вториот датум за големото стендап финале!

Актерот и стендап комичар, Бојан Велевски периодов е многу активен на територијата на речиси цела Македонија. Имено, во тек е стендап турнејата на Велевски, насловена како „Све ли ја да мислам“, со која досега успеа да насмее илјадници присутни.

prviot-nastap-vo-skopje-rasprodaden-velevski-go-objavi-vtoriot-datum-za-golemoto-stendap-finale-04.jpg

Картите за големото стендап финале во Скопје на 18-ти ноември, во Станица 26, како што вели Бојан, одамна се распродадени.

prviot-nastap-vo-skopje-rasprodaden-velevski-go-objavi-vtoriot-datum-za-golemoto-stendap-finale-02.jpg

„Искрено, воодушевен сум од реакциите на публиката, особено интересот за настанот во Скопје, кој беше предвиден да се случи само на 18-ти ноември во Станица 26. Картите се продадоа во рекордно време, па заедно со мојот тим одлучивме за главниот град да објавиме уште еден датум“, открива Велевски.

prviot-nastap-vo-skopje-rasprodaden-velevski-go-objavi-vtoriot-datum-za-golemoto-stendap-finale-01.jpg

На барање на публиката, големото стендап финале во Скопје ќе се одигра во две вечери: 18-ти и 19-ти ноември, од 20:30ч., во Станица 26.

За 19-ти ноември останати се уште 200 карти, па затоа, резервирајте си го вашето место навреме!

Се гледаме на стендап!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg