Тешката борба која ја водат хероини и херои: “До бебе по патот на ИВФ”
- Детали
- четврток, 19 октомври 2023
Има една многу тешка борба. Ја водат херои и хероини. Патот им е послан со трња, но целта им е светост и не постои пречка која ќе ги запре.
Одат со крената глава, а со болка во душата, се движат со големи чекори, а неретко со насолзени очи. Изгледаат силни како карпи, а се меки како памук. Зборуваме за жените кои ја водат битката да добијат дете со инвитро.
Меѓусебно најдобро си ја разбираат и болката и радоста, затоа не се оставаат поединечно да ја водат таа битка. Си пружаат раце една на друга и заедно се посилни. Се сплотија во Здружение за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување – До бебе по патот на ин витро.
На 14.10 се одржа првата Кафе средба организирана од Здружението “До бебе по патот на ИВФ”, во кафе “Котур”.
Една од причините за овој настан беше да се претстави новиот претседател на здружението Ана Андреевска, а воедно и да се споделат искуства, идеи и да се слушне што е она што им е најпотребно на овие луѓе, како и на кој начин ова здружение ќе може подобро да им помогне.
Беа поканати сите на првата кафе средба, која се надеваме во иднина дека ќе стане една прекрасна група на поддршка наменета за сите оние кои ја водат битката со неплодност.
Целта на оваа средба беше подобро да се запознаеме, да ги слушнеме идеите и барањата, проблеми со кои се соочувате, но најважно од се да почуствувате дека не сте сами.
Само на овој начин ќе можеме да се избориме за подобри услови за сите кои се соочуваат со неплодност во нашата држава.
Добредојдени се и оние кои веќе се победници во таа битка и сите оние кои сакаат да не поддржат и споделат искуства и совети.
Присутните споделуваа меѓусебни искуства, дискутиравме за проблемите со кои се соочуваат во процесот и се обидувавме да најдеме заедничко решение.
Оваа средба беше само почеток за уште многу други средби.
Сите присутни ја нагласија потребата од вакви средби и беше договорено да се организираат еднаш месечно. Исто така беше нагласена потребата од присуство на стручни лица од областа на овие таканаречени кафе средби, кои многу би помогнале на присутните со совет и одговарање на прашања.