Јубилеј за Андерфест – по петти пат одлични музички бендови ќе настапат во МКЦ
- Детали
- вторник, 10 октомври 2023
Музичкиот фестивал АНДЕРФЕСТ ќе се одржи по петти пат на 13.ти октомври 2023 година во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На овој ЈУБИЛЕЈ публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк рок, метал, хардкор сцената од нашата држава која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.
Од најавените бендови сите се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња, за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.
На Андерфест 5 ќе настапат:
- Ред 18
- Конспираси
- Луфтанза
- Пич Ваис
- Последен удар
- Преку ред
Продажбата на карти за концертот e започната и истите можете да ги набавите преку следниот линк https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1292
-->
-->