На нашата плејлиста денес: „Hello“ на Лајонел Ричи со одличен женски вокал
Во 1984 година, Лајонел Ричи ја објави серенадата „Hello“.
А, во видеото кое е направено специјално за песната, се раскажува приказна за професор по музичко (кој го глуми самиот Лајонел Ричи) кој се заљубува во слепа ученичка.
„Кога маж ја пее оваа песна, некако звучи морничаво“ - вели Габриел Вортман, пејачката на групата „Smoke Season“.
„Но, од друга страна, кога оваа песна ја пее жена, звучи некако секси“ - додава.
Па, токму затоа, заедно со нејзината колешка, решиле да направат кавер режиран од актерката Меган Дафи.
Изгледот на пејачката, жолт фустан со наметка, е дел од колекцијата на Жил Дикон, а е одбран од стилистката Зои Џоу која е одговорна и за многу комбинации на Бијонсе (нејзиниот изглед за „Lemonade“, како и за костимот кој го носеше на Super Bowl 2016).
Видеото го разгледува моменталниот проблем околу правата на жените и родовата еднаквост:
Н. Г. | Црнобело