MTV VMA: Ким води по вторпат, Канје Вест со 4 слободни минути да прави што сака...

Ким Кардашијан досега се одмораше во Мексико, но сега ќе мора да се упати кон Њујорк каде ќе биде презентерка на MTV VMA, а и ќе го поддржува својот сопруг, Канје Вест.

mtv-vma-kanje-vest-so-4-lobodni-minuti-da-pravi-shto-kim-prezentira-po-vtor-pat-01.jpg

Како Ким да не доволна со тоа што ќе ги претставува едни од најпрестижните видео музички награди - Канје ќе добие свои 4 минути од шоуто да прави буквално што сака. Изборот е негов, дали ќе рапува, пее или ќе зборува.

Во меѓувреме, Ким ќе биде една од многуте презентери кои ќе имаат чест да доделат награда, по вторпат.

Што друго ќе се случува на MTV VMA?

Тејлор Свифт нема да се појави на овогодинешните MTV VMA, па многумина шпекулираат дека е поради слободата која ја имаат Канје Вест и Ким Кардашијан.

Главниот презентер сè уште не е најавен, MTV овојпат решија да не држат во неизвесност до самиот крај, за разлика од минатата година кога бевме сигурни дека честа ќе ја има провокативната Мајли Сајрус.

На сцената ќе се врати и Бритни Спирс со песната „Make Me“ од нејзиниот нов албум. Дали ќе имаме можност да очекуваме нешто возбудливо како и моментот во 2001-та кога се појави со змија на себе?

На сцената ќе имаме можност да уживаме и во настап на Ријана, Аријана Гранде и Ники Минаж заедно, Ник Џонас, The Chainsmokers.

Постојат шпекулации дека и Бијонсе ќе изненади со настап, но тоа останува да го видиме на 28-ми август.

Кои се номинациите, можете да погледнете ТУКА.

Н. Г. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg