Постојат 12 работи кои до ден денес не ги знаете за „Single Ladies“ на Бијонсе
Моментално можеби сите полудуваат по едно од најкреативните видеа на Бијонсе за песната „Lemonade“, но се чини дека не постои подобро време за да се потсетиме на култното видео за кое многу девојки ја слават Бијонсе - „Single Ladies“.
Неколку факти кои фановите на Бијонсе би требало да ги знаат за видеото од 2009-та година кое е прегледано над 478 милиони пати:
1. Танцот е креиран од двајца момци
Џакел Најт и Френк Гетсон работеле заедно со Бијонсе за да ја креираат кореографијата на ова видео.
2. Култниот танц не е оригинален
Гетсон признава дека танцот има своја основа од танцот кој бил изведен на „The Ed Sullivan Show“ во 1969-та година.
„Заедно со Бијонсе го видовме овој настап и си рековме дека би било добро да го модернизираме“ - вели тој.
3. Ѝ бил потребен цел месец на Бијонсе за танцот да изгледа беспрекорно
4. На видеото се чини дека нема промена во костимите, но затоа има неколку промени на чевлите
„Танцуваа толку напорно што неколкупати ги имаа скршено потпетиците на чевлите“ - вели Гетсон.
5. Танцот бил кореографија за сите да се обидат да го имитираат
„Мали работи како гестот со раката или вртењето на колковите се наменети за постарите жени да речат - И јас можам да го направам ова“ - вели кореографот.
6. Дури 100 жени се пријавиле на аудицијата за да танцуваат покрај Бијонсе
7. Една од девојките која се појавува во видеото била замена за девојката која била одбрана на почеток
Првата танчарка требала да пристигне од Њујорк, но не успеала, па неа ја заменила Ебони Вилијам, заедно со Ешли Еверет.
Двете сè уште настапуваат на турнеите на Бијонсе.
8. Двете танчарки се балерини
9. Една од танчарките доживеала несреќа за време на снимањето
По 25 повторувања, Ебони си го повредила зглобот на ногата, но продолжила да танцува.
10. На сцена танчарките го повториле танцот најмалку 50 пати
Обично музичките видеа се снимаат во делови, но Бијонсе сакала да изгледа како една целосна снимка, па танцот бил повторен најмалку 50 пати.
11. Биле потребни 40 луѓе за да се снимат трите девојки
Изгледа како едноставно видео во кое танцуваат само три девојки, но биле потребни речиси 40 луѓе за да се сними видеото.
12. Бијонсе знаела дека видеото ќе биде хит
Н. Г. | Црнобело