Маид Хечимовиќ го објави неговиот најнов спот снимен во Скопје со неколку македонски убавици
Момчето кое по учеството на регионалното шоу „Х-фактор“ ги освои симпатиите на публиката низ поранешна Југославија, Маид Хечимовиќ деновиве во етер го објави неговиот најнов спот за песната „Док он те љуби“.
Како автори на оваа нова песна на Маид се потпишуваат искусниот тандем Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска, додека мастерингот за истата се правеше во студиото „Метрополис Мастеринг“ во Лондон.
- Јас сум презадоволен од сето ова како испадна. Лазар и Магдалена се совршен тандем и можам да се пофалам дека песната веќе е хит во Босна и Херцеговина. Се надевам дека песната и спотот ќе ѝ се допаднат и на македонската публика која ја обожавам - вели Хечимовиќ.
Инаку, Спотот се снимаше на неколку локации во Скопје, а режисерската палка му припадна на Дарио Јанковиќ.
Покрај Маид во видеоспотот се појавуваат и неколку македонски убавици кои дополнително ќе ви го привлечат вниманието.
Погледнете го спотот: