Кавер на песната „Space Oddity“ направен во вселената

Најпосебниот кавер направен на песна на Дејвид Боуви воопшто. Дури слободно можеме да кажеме и најпосебниот кавер направен на која било песна воопшто.

kaver-na-pesnata-space-oddity-napraven-vo-vselenata-01.jpg

„Space Oddity“, една од најуспешните песни на Дејвид Боуви, отпеана во вселената од страна на канадскиот астронаут Крис Хадфилд за време на неговиот последен ден во Меѓународната вселенска станица, кратко време пред повторно да се врати на Земјата.

Последниот поздрав кој Хандфилд го испрати до Дејвид Боуви беше токму сеќавање на песната проследено со зборовите „Пепел во пепел, прашина во ѕвездена прашина. Твојата извонредност беше инспирација за сите нас. Збогум Ѕвездо.“

М. С. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg