Една девојка ја пее „Natural Woman“ во 17 различни гласови
Колку прекрасно звучи ако седумнаесет различни гласови се спојат за да изведат едно безвременско парче? Но, што ако сите тие седумнаесет различни гласови на познати артисти излегуваат од една и единствена жена?
Навистина е тешко да се верува, но откако ќе го погледнете настапот на ултраталентираната Кристина Бјанко ќе сакате видеото да го пуштите неколкупати, бидејќи нема да ви се верува...
Кристина Бјанко покрај талентот за пеење, има талент и да ги долови гласовите на познатите женски пејачки како што се Кристина Агилера, Бритни Спирс, Доли Партон, Витни Хјустон и тоа не одделно во различни песни и настапи, туку во еден феноменален настап од три минути.
Токму затоа, во Америка е позната како жената со многу гласови.
Нејзините настапи можат да бидат следени не било каде, туку во фамозниот Бродвеј. Нејзината специјалност е навистина зачудувачка, бидејќи се случувало да игра дури 41 лик во една претстава, па затоа таа најчесто е сама на сцената.
Како што вели: „тоа е многу напорно, но сепак на крајот на денот задоволството е огромно“.
Она што влијаело за да започне да се занимава со пеење и доловување на сите женски гласови од музичката индустрија била нејзината заинтересираност за музика.
Таа секогаш сакала да слуша сѐ, да пее сѐ и да биде како многу жени кои постојат на музичката сцена. Па, тоа ја довело до она што е денес, успешна актерка и пејачка на Бродвеј.
Нејзиниот настап можете да го погледнете тука:
Н. Буџак | Црнобело