50-те најслушани песни за 2015-та комбинирани во една
-->
Што ако Џастин Бибер, Адел, Тејлор Свифт, Дрејк, Ед Ширан, Сам Смит и уште многу други познати изведувачи ги соберете заедно во една иста песна?
Оваа замисла ја остварил Јордан Розман или DJ Earworm во компилација именувана како „United State of Pop 2015“ која комбинира 50 од најпознатите и најслушаните песни за 2015-та година.
-->
„Hello“, „Hotline Bling“, „Uptown Funk“, „Blank Space“ и „Can’t Feel My Face“ се само дел од хитовите кои се комбинирани заедно.
Дури и видео клиповите се генијално комбинирани за да ве натераат целосно да го изгледате миксот.
-->
-->