Ретро на денот: Скриеното значење на „Hit Me Baby One More Time“ од Бритни Спирс
Никој не може да го негира фактот дека Бритни Спирс беше вистинска принцеза на попот, посебно со песната „Hit Me Baby One More Time“ од 1999-та година, но оваа песна крие мала тајна во себе...
Дали некогаш сте размислиле кое е вистинското значење на зборовите кои се употребени во оваа песна заедно со видео спотот?
Според една нова книга која ја анализира поп индустријата, оваа песна е напишана од страна на двајца Швеѓани кои биле инспирирани од идејата – тинејџерка која штотуку раскинала со своето момче, очајно посакува да ѝ се јави поранешното момче.
Одлучиле зборот „call“ да го заменат со „hit“, па секојпат кога Бритни пее „Hit Me Baby One More Time“ всушност вели: „Јави ми се. Сакам да се смириме, да ги разјасниме работите“.