Плеј листа за сеќавање: Денес требаше да биде 36-от роденден на Тоше Проески
На денешен ден, 25 јануари, беше родена нашата ѕвезда, впрочем, и една од најголемите балкански музички ѕвезди, Тоше Проески.
Роден е како Тодор Проески во Прилеп, во семејство кое живее во Крушево.
Првите почетоци ги остварува на „Златно Славејче“ во 1992 година со песната „Јас и мојот дедо“.
А, неговата блескава кариера започнува со настапот на „Мелфест“ во Прилеп каде победи, изведувајќи ја песната „Yesterday“ од Битлси.
Тоше соработуваше со еден од најголемите македонски композитори и текстописци, Григор Копров, а од таа соработка излегоа хитовите кои сите добро ги паметиме, „Усни на усни“ и „Сонце во твоите руси куси“.
За да го подобри своето пеење тој дури го има посетено и Вилијам Рајли, човекот кој го учел Лучијано Павароти, а по враќањето од Њујорк одржува неколку хуманитарни концерти низ Македонија.
Првото место на Беовизија 2003-та го освои со песната „Чија си“, која воедно стана и еден од неговите најголеми хитови.
Во 2006-та година го одржа својот втор голем концерт на Градскиот стадион во Скопје, а во 2007-та година и во Белград.
Тоше секогаш ќе го паметиме по неговите зборови „Ве сакам сите“ и неговите најубави хитови:
Н. Г. | Црнобело