Гитариската Мартина Блажеска прогласена за официјален артист на „Ibanez guitars”

Успесите на младата гитаристка од Македонија која полека, но сигурно го чекори својот пат кон целта едноставно не запираат. Блажеска со својата работа ги плени сите кои имаат можност да го забележат нејзиниот талент.

gitaristkata-martina-blazeska-proglasena-za-oficijalen-artist-na-Ibanez-01

Токму затоа овој месец таа беше прогласена за акустичен артист на „Ibanez” гитарите. Нејзиниот талент бил откриен на музичка конвенција кога таа добива можност да настапува пред еден од главните луѓе на овој производител на музички инструменти.

Блажеска е прв артист од Македонија кој се здобива со ваква титула, а стои рамо до рамо со големите имиња како Joe Satriani, Steve Vai и Pat Metheny.

Имено за сите оние кои не се запознаени, Ибанез гитарите претставуваат јапонски бренд на гитари и се едни од првите јапонски музички инструменти кои што направија вистински бум со својата продажба во САД и Европа, исто така, тие беа првиот бренд кој создаде гитари со седум и гитари со осум жици.

Блажеска свири на Ibanez AE900 како главна гитара, а она што ќе го има за задача како официјален артист на овој бренд ќе биде промоција на новите акустични гитари.

За себе вели дека сака да биде пејач-артист-композитор, а за да стигне до таа зацртана цел таа секојдневно, непрестајно со многу труд работи на себе и својата техника за да може тој сон да стане јаве.

Слушнете ја талентираната гитаристка од Македонија:

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рај за очите на дамите: Познати мажи со мускулести тела Пејачите Иван Јованов, Стефан Некст Тајм и актерот Жарко Димоски оваа година ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg