Јана Бурческа ќе нè претставува на Евровизија 2017
-->
Веќе се знае претставникот за Евровизијата во 2017-та која ќе се одржи во Киев. Младата Јана Бурческа ќе биде нашиот претставник на 62-то издание на оваа музичка традиција.
Јавноста ја знае Јана Бурческа од Македонскиот Идол, каде се пласираше на петтото место.
-->
Досега има настапувано на повеќе домашни фестивали и има соработувано со повеќе големи музички имиња од нашата естрада.
МРТ одлучи дека токму нејзиниот млад и надежен глас ќе биде соодветен претставник на Македонија во Киев.
-->
-->
Околу песната и тимот кој ќе стои зад неа сè уште нема детални информации.
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рај за очите на дамите: Познати мажи со мускулести тела
Пејачите Иван Јованов, Стефан Некст Тајм и актерот Жарко Димоски оваа година ќе ...