Вирален хит: 5-годишно момче од Италија е музички гениј на клавир (видео)
Алберто од Италија има само пет години и не може ни да ги стигне педалите на клавирот, но свири некои од најтешките композиции како врвен експерт.
Во светот постојат многу талентирани музичари и иако повеќето учат да свират некој инструмент од рана возраст, нивните вештини доаѓаат до израз кога се поголеми бидејќи потребно е време за да се усовршат.
Но, некои луѓе имаат неверојатен талент за музика, па свират како врвни експерти уште пред да тргнат на училиште.
Токму ваков талент има 5-годишниот Алберто од Италија кој свири на клавир.
Малиот Алберто го привлече вниманието на јавноста на музички натпревар минатиот месец. Видеото на кое свири дело на Моцарт стана вирално и веќе има над 5 милиони прегледи на Твитер.
(Italy) Enjoy 5-year-old Alberto Cartuccia Cingolani performing some Mozart.🎶🎵
pic.twitter.com/LSulANRoMM-->-->— GoodNewsCorrespondent (@GoodNewsCorres1) May 22, 2022
Алберто е толку мал што не може да ги достигне ни педалите на пијаното, но неговата изведба на моцартовата соната е беспрекорна.
Малиот Алберто потекнува од семејство музичари – неговиот татко е професор по музичко, додека мајка му е инструктор по пеење.
Алберто првпат допрел клавир на 3-годишна возраст, а неговите родители веднаш го забележале неверојатниот талент.
Интересно е што кога почнал да учи да свири, Алберто не знаел да чита ноти, но без проблем свирел познати ремек дела само по слух.
„Почна да свири во првите месеци од пандемијата. Бидејќи постојано бевме дома, му дадов мал синтисајзер за да го стимулирам. Тогаш сфатив дека Алберто има талент, а сопругот забележа дека има и беспрекорен слух“, вели неговата мајка.
Алберто уште учи да чита ноти и допрва ќе ја усовршува оваа вештина, но мајка му вели дека благодарение на неговиот слух, ова не претставува никаква пречка.
Дел од изведбите на малиот генијалец:
Спирова С. | Црнобело