Нов скандалозен спот на Maneskin – пијани манекенки опседнати со „слава и статус“ се влечат по улица (видео)
„Бевме изненадени од тоа што во Лос Анџелес некои луѓе толку многу се грижат за идејата за слава и статус и се опседнуваат со нивниот изглед и контакти“ – вака Maneskin ја опишуваат приказната зад спотот на нивната песна Supermodel. Погледнете го видеото.
На сцената на Евровизија 2022 Дамиано Давид настапи со повредена нога, каде ја отпеа новата песна Supermodel.
Според информациите Дамиано Давид ја повредил ногата за време на снимањето на спотот, кој конечно можете да го погледнете.
Прочитајте и Дамиано Давид со повредена нога на Евровизија 2022 - болката му се гледа по гримасите, но храбро издржа (видео)
Откако ја отпеа на Евровизија 2022, Supermodel стана вистински хит и кај нас. Песната се врти и на радио станиците, а речиси сите се понесени од брзиот ритам на музиката.
Членовите на групата Maneskin открија дека новиот спот е делумно инспириран од личностите што ги запознале во Лос Анџелес.
„Ја напишавме Supermodel“ откако поминавме неколку убави месеци во Лос Анџелес. Понекогаш бевме изненадени и нè интригираше тоа што некои луѓе толку многу се грижеа за идејата за „слава и статус“ и се опседнуваат со нивниот изглед и контакти“ – велат Maneskin во својата изјава за спотот.
Погледнете го видеото:
Б. С. Б. | Црнобело