Украина е фаворит за победа на Евровизија 2022 (видео)
„Ви благодариме што ја поддржувате Украина“, изјави на крајот од настапот основачот на бендот Олег Псјук и предизвика аплауз за поддршка, но придружен и со солзи поради воената состојба во Украина. Погледнете го енергичниот настап на фаворитите на Евровизија 2022...
Украинската група „Kalush Orchestra“ со песната „Stefania“ ја претставуваше Украина на првата полуфинална вечер на Евровизија 2022 и успеаја да се пласираат во финале.
Но, украинските претставници не само што се пласираа, туку се и фаворити за победа.
Фолк-рап бендот имаше енергична изведба и ја крена на нозе публиката во Торино.
„Ви благодариме што ја поддржувате Украина“, изјави на крајот од настапот основачот на бендот Олег Псјук и предизвика аплауз за поддршка, но придружен и со солзи поради воената состојба во Украина.
Бендот вели дека се фокусирани да се претстават одлично и во финалето за да докажат дека украинската култура е жива.
Од друга страна, на Русија ѝ е забрането да настапува на Евровизија годинава.
Погледнете го настапот на фаворитите од првата полуфинална ноќ:
С. С. | Црнобело