Македонец настапи во австралиското музичко шоу „The Voice“ - ja разигра Рита Ора во жирито (видео)
Леонардо Илиев - Роџер (20) од Скопје, кој живее во Мелбурн, ја размрда светската дива Рита Ора со ритамот на неговата песна „Nasty“.
Леонардо Илиев - Роџер (20) од Скопје веќе извесен период живее во Австралија со своето семејство, а неодамна се појави во австралиското музичко шоу „The Voice“, каде откри дека живее во Мелбурн.
Тој е вљубеник во музиката и сака да изгради кариера како рапер.
Интересно е што на ова шоу, каде повеќето кандидати се претставуваат со светски познати музички хитови, тој одлучи да се претстави со својата песна „Nasty“.
Помеѓу членовите на жирито, кое го оценуваше настапот на Леонардо, беше и Рита Ора.
Светската дива понесена од ритамот на песната на Леонардо танцуваше на столчето и мавташе кон публиката.
Погледнете го неговиот настап:
Повеќе фотографии од Леонардо:
https://www.instagram.com/p/CX-4dSzlLyd/
https://www.instagram.com/p/CRgeELjhE8H/
С. С. | Црнобело