Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Некст Тајм го промовираа филмскиот спот за „Кога падна Пирина“: „Веруваме дека ќе ве направиме горди“ (видео)

За преработката на старата македонска песна „Кога падна Пирина“, Стефан и Мартин од Некст Тајм направија филмски спот со кој ги воодушевија фановите.

nekst-tajm-go-promoviraa-filmskiot-spot-za-koga-padna-pirina-veruvame-deka-kje-ve-napravime-gordi-video-01.jpgФото: Фејсбук, Јутуб

Популарното македонско дуо Некст Тајм ги израдува фановите со уште една преработка на стара македонска песна.

Овојпат Стефан и Мартин направија преработка на песната „Кога падна Пирина“, а вчера, 13-ти април, го промовираа и нивниот видеоспот. 

Старата македонска песна ја опејува смртта на Јане Сандански, а музичкиот спот на Некст Тајм е како краток филм за овој историски настан.

Од коментарите на Јутјуб и Фејсбук, јасно е дека фановите се ништо помалку од воодушевени.

„Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна. Веруваме дека ќе ве направиме горди“, изјавија Мартин и Стефан на промоцијата.

За аранжманот на песната се погрижи Николче Мицевски.

Погледнете го новиот видеозапис на Некст Тајм:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Слаткар и Тони Зен со нов хит: „Наша 10-та заедничка песна, да ни се множат“ „Милион лета“ е новата песна на Слаткар и Тони Зен која воедно е и нивна 10-та с...
Стефан Спироски од Струга ја освои наградата „Најдобра поп песна“ на Охрид Фест Младиот Стефан Спироски од Струга веќе подолго време се занимава со музика од св...
„ЗОРА” - ново парче модерна македонска музка од ДААН во соработка со К.Ј од дуото Како Браќа Во саботата на 21ви Септември ДААН го промовираше својот најнов сингл со наслов ...
Наташа Миха објави песна со видео запис снимен во Кина - слушнете ја „Тука со мене“ Македонската пејачка Наташа Миха објави нова песна, насловнеа „Тука со мене“, ка...
Марија Данева ги промовираше првата песна и спот (видео) Атрактивната пејачка Марија Данева која публиката ја препознава по моќниот вокал...
„За сите драги луѓе кои веќе не се со нас“ - Тамара и Стефан Лазаров ја промовираа песната „Патишта“ „Имам чувство дека добро ќе се исплачам... Браво и едвај чекам да ја слушнам“ - ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg