„Тие се вистински професионалци“- Ѕвездичките од „Дајте Музика“ со моќен настап на првата проба на детската Евровизија
Напред „Green Forces“! Со својата песна нашите претставници на Детската Евровизија годинава упатуваат моќна порака за заштита на животната средина, а со нивниот настап на првата проба ја подигнаа атмосферата на сцената на детската Евровизија во Париз.
Настапот на нашите преставници беше пофален и на блогот на детската Евровизија, каде велат дека ѕвездичките со својот настап „упатуваат енергична порака за надеж и за поткревање на свеста за заштита на животната средина“.
„Овие момци и девојки се вистински професионалци, што е сосема очекувано ако се земе предвид дека ‘Дајте музика’ е едно од најпопуларните ТВ шоуа во Македонија“ – се вели за нашите „ѕвездички“ на блогот на Детската Евровизија.
За стајлингот на Кики (Кристина Мукаетова), Наташа (Анастасија Џабирски), Филип (Филип Поповски) и Миха (Миха Гигов) се погрижи Цаци Паковска, а костимите се со потпис на Јована Филиповиќ.
Нашите „ѕвездички“ на манифестацијата што ќе се одржи во недела (19.12) ќе настапат со реден број 18, кога со песната Green Forces ќе ја упатат силната порака за заштита на животната средина и за справување со климатските промени.
Погледнете го видеото од првата проба:
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело