Every Breath You Take на Стинг, Like a Virgin на Мадона - култни хитови чии текстови имаат сосема поинакво значење

Smoke On The Water – Deep Purple

Дали знаете која е приказната зад една од најпознатите песни на сите времиња и како го добила нејзиното име?

Членовите на бендот заминале во Монтре на Женевското Езеро за да го снимат албумот Machine Head и со нив понеле монтажно студио. Во исто време, во салата за казино настапувал Френк Запа.

Членовите на бендот биле на концертот, кога некој од публиката пукнал со сигнален пиштол така што зградата се запалила и изгорела до темел.

Басистот Роџер Гловер ја добил инспирацијата за песната гледајќи како чадот се шири на површината на езерото Женева.

https://www.youtube.com/watch?v=ikGyZh0VbPQ

Like a Virgin – Madonna

Секој што добро го познава филмот Reservoir Dogs, знае дека почетната сцена е посветена на опусот на Мадона и оваа нејзина песна.

Квентин Тарантино ја развил теоријата дека оваа песна зборува за големи, машки полови органи.

Постојат теории дека во неа се зборува за многу чувствителна и ранлива девојка.

Били Стајнберг, авторот на текстот на оваа песна, подоцна откри дека е создадена кога тој самиот влегол во нова врска и дека во тоа време се чувствувал како девица.

One – U2

Уште една песна која е толкувана сосема поинаку. Многу често младоженците умеат да ја изберат токму неа за нивниот прв танц, со мисла дека сосема ја „убоделе“ симболиката.

Овој хит на групата U2 направи чекор напред во нивниот стил. Експресивниот текст со допир на душата, што ја прави песната да изгледа исклучително љубовно, всушност зборува за разделба и проблеми во врските.

Le Freak – Chic

Познатата мелодија која нѐ тера да полудиме бидејќи е шик, всушност настанала на не баш „кул“ начин.

Имено, на новогодишната ноќ во 1977 година, музичките легенди Најл Роџерс и Бернард Едвардс од групата Chic биле отфрлени на влезот во култната дискотека Studio 54.

Лути од тој настан, тие напишале песна во која клучниот збор бил „F..k off!“ Подоцна текстот бил преименуван во „Le Freak“ и песната стана еден од најголемите диско хитови.

Класичен пример како фрустрацијата може да биде голема инспирација.

Respect - Aretha Franklin

Познатиот хит кој стана еден вид феминистичка химна кога ја пее Арета Френклин, од перспективата на Отис Рединг, кој воедно е и автор на оваа песна, звучи сосема поинаку.

Текстот на песната всушност зборува за маж кој заработува пари што ги троши неговата жена, и за тоа тој очекува „награда“ дома - затоа што, за да бидат работите уште полоши, во тогашниот сленг, зборот „почит“ значел благодарност во форма на секс.

Излезе дека хитот за кој мислиме дека е наменет за ослободување на жените и права во однос на мажите, всушност е за маж кој очекува секс затоа што носи пари во куќата.

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
Наташа Миха објави песна со видео запис снимен во Кина - слушнете ја „Тука со мене“ Македонската пејачка Наташа Миха објави нова песна, насловнеа „Тука со мене“, ка...
„ЗОРА” - ново парче модерна македонска музка од ДААН во соработка со К.Ј од дуото Како Браќа Во саботата на 21ви Септември ДААН го промовираше својот најнов сингл со наслов ...
Антониа Гиговска со нов имиџ порачува: „Право машко знае како треба“ Пејачката ја изненади јавноста со кратката руса коса, па испрати порака дека „пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg