Every Breath You Take на Стинг, Like a Virgin на Мадона - култни хитови чии текстови имаат сосема поинакво значење
Постојат многу песни чии стихови имаат некакво симболично значење, а не она што нам прво ни паѓа на памет.
Песните како Perfect Day и Purple Haze кои на прво слушање имаат љубовена тематика, според некои толкувања всушност зборуваат за нешто сосема трето. Има и такви кои кријат некои интересни настани зад нивните зборови.
Дали некогаш сте запеале некоја позната песна и некој ви го поставил прашањето: „Дали знаеш што навистина пееш?“
Во продолжение ви издвојуваме низа познати песни кои можеби не знаете како се создадени и што всушност значат нивните наслови:
Every Breath You Take - Sting
Станува збор за песна чиј акцент е ставен на контролата и посесивноста. Таа била создадена за време на разводот на Стинг од неговата прва сопруга и почетокот на забавувањето со неговата втора сопруга Труди Стајлер.
За да се оддалечи од јавноста во тој незгоден период, тој заминал на Карибите, каде што ја напишал песната. Како резултат на разводот, текстот зборува за посесивен љубовник кој го надгледува секој здив и секое движење.
Hotel California – Eagles
Hotel California од 1977 година е еден од најголемите музички хитови некогаш снимени.
Според авторите на песната, текстот изгледа како сценарио за една од епизодите на серијата „Зона на самракот“ - патникот патува низ пустината и престојува во хотелот Калифорнија, каде живеат многу необични ликови.
Сепак, песната има подлабоко значење и симболика, и зборува за самоуништувањето и алчноста во американската музичка индустрија во 1970-тите.
Говори за животот на елитата во Лос Анџелес и „американскиот сон“ што текстописците, членовите на групата Еagles, го живееле и го чувствувале на нивната кожа.
I Don’t Like Mondays – Boomtown Rats
Честопати среќаваме луѓе кои ја објавуваат оваа песна на социјалните мрежи рано понеделнички, во знак на протест против новата работна недела.
Сепак, повеќето луѓе не знаат дека оваа реченица ја изговорила тинејџерка која убила двајца возрасни и повредила осум деца во основно училиште во Сан Диего, како одговор на прашањето зошто го направила тоа.
Не покажувајќи каење за нејзината постапка, таа изјавила: „Не сакам понеделници“.
Smells Like Teen Spirit – Nirvana
Овој голем хит потекнува од 90-тите и претставува вистинска гранџ химна на тоа време. Курт Кобејн вели дека е создадена под силно влијание на групата The Pixies, на која се восхитувал.
Самиот текст ја означува општествената и политичката позадина од тоа време.
Сепак, насловот на песната (мириса на тинејџерски дух) настанал сосема поинаку - пријателката на Курт, Кетjлин Хана, која во тоа време била пејачка на бендот Bikini Kill, на ѕидот од неговата соба напишала: „Курт мириса на тинејџерски дух“, имајќи предвид дека девојчето со кое тогаш тој се забавувал мирисала на парфем именуван Teen Spirit.
Chelsea Hotel no. 2 – Leonard Coen
Хотелот Челзи е култно место на Менхетен, каде живееле и престојувале многу познати артисти, како Боб Дилан, Мадона, Буковски, Артур Кларк, Марк Твен.
Во еден момент таму се нашле Леонард Коен и Џенис Џоплин. Песната зборува за нивната кратка љубовна врска и оралниот секс.