Романтичарот Ѓорѓи Крстевски некогаш и сега + 12 ретро хитови со кои сплоти и утеши бројни, заљубени души
Веројатно не постои човек кој барем еднаш не пронашол утеха во прекрасните стихови проткаени низ баладите на единствениот Ѓорѓи Крстевски.
Навистина, тој претставува асоцијација за песни чии стиховна емоција и мелодија допираат директно во срцето и остануваат врежани длабоко во душата.
Ѓорѓи Крстевски е роден на 3 септември 1981 година во Скопје, а својата музичка кариера ја започнал во 1997 година.
Овој македонски пејач нескромно важи за еден од најквалитетните вокали на нашите простори, а музички е активен нешто повеќе од 20 години, со повеќекратни паузи.
Покрај пеењето, Ѓорѓи компонира музика, пишува текстови, реализира разни музички проекти, а особено интересен факт е дека тој го обожава спортот и секојдневно е физички активен.
Во едно од неговите интервјуа тој истакна дека речиси и да не постои спорт кој досега не го испробал, а на прво место му е тенисот, па близу до него се велосипедизмот и боксот.
Овие негови изјави го обелоденуваат одоговорот зошто годините не му можат ништо, како на неговиот физички изглед, така и на евергрините кои ќе живеат вечно.
На Фејсбук профилот на Ѓорѓи лесно може да се забележи дека станува збор за навистина посветен, семеен човек кој своето слободно време покрај музиката и спортот го поминува со своето семејство.
Низ медиумите подолго време кружат гласини дека изминатиов период Крстевски подготвува нешто ново за македонската, музичка сцена.
Дотогаш останува да чекаме, а ние за вас во продолжение издвоивме 12 ретро хитови на легендарниот Ѓорѓи Крстевски со кои тој сплоти и во исто време утеши бројни, заљубени души:
„Несудена“
„Посилни од сѐ“
„Таму некаде“
„Засекогаш“
„Симона“
„Песна за тебе“
https://www.youtube.com/watch?v=icQ_uPoVZ_8