Рок дивата Ружица наполни 53 години и изгледа неверојатно – да се потсетиме на најголемите хитови на Ареа (фото+видео)
„Колку сме, токму сме. Happy B-day to me“ напиша рок дивата на својот Фејсбук профил, прославувајќи го 53-тиот роденден во кругот на семејството со најсаканите.
Ружица Милошеска Брчиоска, главниот вокал на рок групата „Ареа“, во шестата деценија од животот изгледа одлично.
Природна и насмеана, со моќен глас којшто го разоружува сечие срце, мора да признаеме дека многу недостасува на сцената заедно со матичниот бенд.
На 4-ти април пејачката го прослави својот 53-ти роденден, а на својот Фејсбук профил објави неколку фотки од домашна атмосфера со семејството и напиша: „Колку сме, токму сме. Happy B-day to me“.
фото: Фејсбук профил на Ружица
фото: Фејсбук профил на Ружица
фото: Фејсбук профил на Ружица
фото: Фејсбук профил на Ружица
Таа ги напиша и отпеа хитовите „Сите мои слики“, „Јас сум ти пријател“, „Нешто недостасува“… па време е да се потсетиме на најдобрите песни од „Ареа“ и што значи поимот добра музика:
Сите мои слики
Фреквенција на љубовта
Одведи ме
https://www.youtube.com/watch?v=ehWK9ihQRhQ
Јас сум ти пријател
https://www.youtube.com/watch?v=HDplgZ9xA2Y
Нешто недостасува
https://www.youtube.com/watch?v=OxOgPbhybEg