Лана Дел Реј докажува дека зад нејзиниот успех не стојат милионите на татко ѝ: Три албуми во една година
Контроверзната пејачка повторно со одговор до критичарите - Лана Дел Реј застана во одбрана на својот креативен идентитет, а уште еднаш покажа дека сама се бори за својот успех и покрај обвинувањата дека се прослави заради татко ѝ.
Само еден ден откако Лана Дел Реј го објави нејзиниот нов албум насловен како Chemtrails Over the Country Club, таа веќе го најави новиот албум Rock Candy Sweet, додавајќи дека следниот треба да пристигне на 1-ви јуни.
Инаку оваа најава беше објавена на Инстаграм профилот на пејачката како одговор на написот во Harper's Bazaar во кој што се критикуваат културолошките пристапи на пејачката.
https://www.instagram.com/p/CMqBcHah785/?utm_source=ig_web_copy_link
Само сакам да ви кажам благодарам за убавите написи како овој и за тоа што ме потсетувате дека мојата кариера е изградена врз културолошки пристап и гламуризирање на семејното насилство.
Ќе продолжам да се спротивставувам на тие размислувања со мојот нов албум на 1-ви јуни, насловен Rock Candy Sweet, напиша Дел Реј во постот на Инстаграм Стори, кој беше избришан по 24 часа од објавувањето, пренесува Rolingstone.
Инаку, ако овој албум навистина биде објавен на 1-ви јуни, тоа ќе биде третиот покрупен проект на пејачката во само една година. Покрај Chemtrails Over the Country Club, таа претходно, во јуни минатата година ја објави збирката поезија Violet Bent Backwards Over the Grass, која е проследена со аудио запис во кој пејачката чита 14 нејзини поеми, проследени со музиката на Џек Антоноф.
https://www.instagram.com/p/CJr0EUBBfAq/?utm_source=ig_web_copy_link
Постојат повеќе интересни факти за контроверзната пејачка која својата инспирација ја наоѓа во рок легендата Курт Кобејн.
Нејзиното вистинско име е Лизи Грант и таа е ќерка на Роб Грант, човекот кој успеа да заработи милиони со интернет претприемништво и инвестирање во домејни.
Лизи Грант неколкупати го менувала естрадното име додека да стигне до името Лана Дел Реј. Имено на интернет може да се најдат повеќе видео записи под различни естрадни имиња, како May Jailer, Sparkle Jump Rope Queen и други.
Пејачката стана контроверзна откако беше објавен нејзиниот прв мега-хит Video Games. Имено, таа првично беше прифатена како лице од „андергроунд“ сцената, како личност која сама со сопствените сили успеала да се избори за сопствената музичка кариера, но откако беше разоткриен нејзиниот вистински идентитет како ќерка на познатиот милионер, публиката почна да ја критикува и општо се појави мислењето дека зад нејзината кариера стојат „милионите на тато“.
Освен во овој поглед, пејачката често е мета на критики токму поради нејзиниот изглед. Оние што успеале да ги најдат видеата од настапите на Лизи Грант и да поврзат „два и два“, дека Лана и Лизи се истата личност, ја обвинуваат пејачката дека за да ја изгради новата „персона“ таа се подложила на пластични операции.
https://www.instagram.com/p/CMvFJK8hfRC/
Овие обвинувања беа веднаш отфрлени од нејзина страна. Освен тоа, мета на критики е и целата естетика на 60-тите години од минатиот век што таа ја промовира. Најново, на мета се и културолошките пристапи.
Како и да е, трите крупни проекти во само една година се нејзин одговор за критичарите, веќе на сите ни станува јасен одговорт: пејачката е упорна во својата цел и по сè изгледа решена е да докаже дека нема намера да си замине во музичката историја во брзо време.
https://www.instagram.com/p/CE41_84JIL0/
Б. С. Б. | Црнобело