Александар Тарабунов - Тара со моќна порака: „Останете позитивни, после дождот доаѓа сонце!“
Александар Тарабунов - Тара деновиве го објави видеото за темата „Нема крај“ кое одлично минува на YouTube каде руши рекорди на слушаност.
Публиката со раширени раце го прифати синглот кој пристигна на домашната музичка сцена како вистинско летно освежување.
Тарабунов не го крие воодушевувањето од реакциите на публиката и искрено се надева дека и оваа тема ќе биде слушната и фаворизирана на неговите настапи, како „Луд сум по тебе“ и „Кажи кој те има“.
„Темата ја објавив неодамна, сè уште е рано за сумирање на впечатоци и импресии, но од она што имав можност да го видам и слушнам досега, како и од коментатрите на социјалните мрежи, можам да кажам дека одлично ја прифатија сите и презадоволен сум од сработеното, вели Тара за CRNOBELO.com.
Октри и дека времето поминато во карантин го искористил продуктивно, а излез од оваа новонастаната криза со пандeмијата на корона вирус гледа во ведрите мисли.
„Излезот е во тоа да бидеме креативни, сега го имаме времето кое е најважно за еден човек и поради тоа мора да се фокусираме на убави и квалитетни работи, друг излез нема.
Најважно е да останеме позитивни, да се чуваме, да се сакаме, сè друго ќе се среди, образложи пејачот кој освен што компонира и музицира во својот дом, одвреме-навреме знае и да влезе во кујна и да приготви некој специјалитет за своето семејството.
За себе вели дека е голем гурман по природа, па оттука произлегува желбата за готвење и експериментирање во кујна.
„Имам голема желба во иднина да отворам мој ресторан кој ќе има своја приказна. Вкусна храна во комбинација со добра и авентична музика.
Се надевам дека еден ден оваа желба ќе ми се оствари, вели Александар, а на прашањето дали е заљубен и дали има простор за љубов во неговиот живот, накусо ни одговори: „Не сум заљубен!.
Неговата порака за сите читатели на CRNOBELO.com е следнава: „Чувајте се и останете позитивни, после дождот доаѓа сонце!“.
Ние на ова ќе додадеме, не заборавајте да слушате македонска музика!