Нашата омилена народна химна: „Бисер Балкански“ на Гоце Николовски слави 30 години
„Бисер балкански“ – народната песна во изведба на пејачот Гоце Николовски за првпат била испеана на „Фолк фест Валандово“ во далечната 1990 година каде што ја освоила првата награда.
Текстот на песната е на Јован Павловски, музиката на Хилми Билбил, а аранжманот е на Томислав Таневски. Бисер Балкански станала голем хит и општоприфатена и обожавана песна од страна на македонскиот народ.
Се вели дека ниту една новосоздадена песна претходно, ниту потоа, немала таква општонародна прифатеност, што во периодот на раните ’90-ти, совпаѓајќи се со независноста на Македонија, ужива и своевиден статус на химна. Неколку години подоцна, песната била прогласена и за фолк хит на деценијата.
Потсетете се на настапот од 1990 година на Фолк фест Валандово, како и еден каде што Гоце Николовски ја пее песната со Наум Петрески во друштво на многу македонски естрадни ѕвезди:
(О)Милена | Црнобело