Слушањето музика го намалува апетитот - 7 потенцијални придобивки на музиката за кои веројатно не знаете

Музиката е нешто без кое „не можете да живееете“?

Slushanjeto-muzika-vi-pomaga-da-jadete-pomalku-7-potencijalni-pridobivki-na-muzikata-za-koi-verojatno-ne-znaete 01 630x340.jpg

Верувајте, не сте единствените.

Дури 76% од испитаниците на врвна американска студија се изјасниле дека речиси секоја нивна секојдневна активност е пропратена со музика.

Човечкиот мозок работи на начини кои навистина не можеме да ги разбереме.

Музиката несомнено е извор на задоволство, но има и многу други психолошки придобивки, а психолошките ефекти на музиката се навистина моќни и широко распространети.

Музичката терапија е интервенција која понекогаш се користи за да се промовира емоционалното здравје, да им се помогне на пациентите да се справат со стресот и да ја подобрат психолошката состојба.

Некои истражувања дури сугерираат дека вашиот музички вкус може да даде увид во различни аспекти на вашата личност.

Музиката може да го опушти умот, да го зголеми нивото на енергија, па дури и да им помогне на луѓето полесно да се справат со болката.

Па, со какви други потенцијални придобивки располага музиката?

Музиката може да ги подобри вашите когнитивни перформанси

Истражувањата велат дека музиката која ја слушате во „позадина“ вршејќи некаква активност може да го подобри вашиот когнитивен перформанс.

Една студија открила дека слушањето на омилената музика довело до побрзо преработување на информациите, додека  „лошата“ музика покажала придобивки кај меморијата.

Што значи, следниот пат кога ќе работите нешто, пуштете си и музика.

Slushanjeto-muzika-vi-pomaga-da-jadete-pomalku-7-potencijalni-pridobivki-na-muzikata-za-koi-verojatno-ne-znaete 02 630x420.jpg

Музиката може да го намали стресот

Уште од дамнешни времиња, луѓето верувале дека музиката им помага во намалувањето или справувањето со стресот.

Медитативната музика е создадена за смирување на умот и поттикнување на релаксација и, за среќа, овој тренд е поддржан од повеќе истражувања.

Значи, слушањето музика навистина може да биде ефикасен начин за полесно справување со стресот.

slushanjeto-muzika-go-namaluva-apetitot-7-potencijalni-pridobivki-na-muzikata-za-koi-verojatno-ne-znaete.JPG

Музиката ви помага да јадете помалку

Една од најневеројатните психолошки придобивки од музиката е тоа што може да биде корисна алатка за слабеење.

Ако се обидувате да ослабите, слушањето релаксирачка музика со пригушено светло може да ви помогнe да ги постигнете своите цели.

Истражувачите велат дека музиката и затемнетите светла помагаат во создавањето порелаксирана атмосфера.

Бидејќи испитаниците биле порелаксирани и се чувствувале удобно, верувале или не, тие ја консумирале својата храна побавно и свесно почувствувале дека се сити.

Па, следниот оброк изедете го со тивка музика и пригушено светло.

Slushanjeto-muzika-vi-pomaga-da-jadete-pomalku-7-potencijalni-pridobivki-na-muzikata-za-koi-verojatno-ne-znaete 04 630x400.jpg

Музиката може да ја подобри вашата меморија

Голем број студенти уживаат да слушаат музика додека учат, но дали е тоа добра идеја?

Некои тоа го чувствуваат како придобивка, бидејќи со самото слушање музика учат како да ја подобрат меморијата. Други, пак, тврдат дека музиката ја одзема нивната концентрација.

Истражувањата велат дека музиката може да помогне, но во зависност од различни фактори, како типот на музика, уживањето на слушателот, па дури и од тоа колку музички добро е обучен слушателот.

Една студија открила дека музички обучени студенти имаат тенденција да добијат подобри резултати кога слушале неутрална музика, можеби затоа што овој вид музика бил помалку одвлекувачки и полесен за игнорирање.

Slushanjeto-muzika-vi-pomaga-da-jadete-pomalku-7-potencijalni-pridobivki-na-muzikata-za-koi-verojatno-ne-znaete 05 630x400.jpg

Музиката може да помогне во намалувањето на болката

Истражувањата покажале дека музиката може да биде многу корисна за справувањето со болката.

Една студија за пациенти со фибромијалгија открила дека оние кои слушале музика само еден час на ден доживеале значително намалување на болката, во споредба со оние во другата група.

Истражување од 2015 година за ефектите на музиката врз справувањето со болка открило дека пациентите кои слушале музика пред, за време на, па дури и по операцијата, чувствувале помалку болка и вознемиреност од оние кои не слушале музика.

Slushanjeto-muzika-vi-pomaga-da-jadete-pomalku-7-potencijalni-pridobivki-na-muzikata-za-koi-verojatno-ne-znaete 06 630x400.jpg

Музиката може да ја зголеми вашата мотивација

Постои добра причина зошто ви е полесно да вежбате додека слушате музика - истражувачите откриле дека слушањето брза музика ги мотивира луѓето да работат напорно.

Во еден експеримент дизајниран да го испита овој ефект, 12 здрави машки студенти требало да возат стационарен велосипед со голема брзина.

Учесниците започнале во исто предвидено време и возеле велосипед 25 минути, додека слушале плејлиста од шест различни популарни песни од различни жанрови.

Истражувачите направиле суптилни разлики во темпото на музиката.

Истражувачите откриле дека брзата музика резултирала со зголемен перформанс, во однос на покриената оддалеченост и брзината на педалирање.

Спротивно на тоа, забавувањето на темпото на музиката довело до намалување на сите овие варијабли.

Slushanjeto-muzika-vi-pomaga-da-jadete-pomalku-7-potencijalni-pridobivki-na-muzikata-za-koi-verojatno-ne-znaete 07 630x400.jpg

Музиката може да го намали или отстрани чувството на депресија

Истражувачите откриле и дека музичката терапија може да биде безбеден и ефикасен третман за различни нарушувања, вклучително и депресија.

Една студија открива дека покрај намалувањето на депресијата и вознемиреноста кај пациенти кои страдаат од невролошки состојби како што се деменција, мозочен удар и Паркинсонова болест, музичката терапија не покажала негативни и несакани ефекти, туку напротив, резултирала одлично.

Друга студија открила дека иако музиката има влијание врз расположението, исто така важен е и типот на музика, односно жанрот кој го слушаме.

Истражувачите откриле дека класичната и медитативната музика нудат најголеми придобивки за подобрување расположението, додека хеви метал и техно музиката се покажале како неефикасни, па дури и штетни.

Slushanjeto-muzika-vi-pomaga-da-jadete-pomalku-7-potencijalni-pridobivki-na-muzikata-za-koi-verojatno-ne-znaete 08 630x380.jpg 

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Промоција за нова песна и видео спот на Славчо Крежески – Одведи ме дома Славчо Крежески е музичар и музички ентузијаст роден во Струга, но подолг период...
Песна за разделба, нова прекрасна балада на Владо Калембер Може ли разделба да биде достоинствена, без навреди, обвинувања и лоша мисла? Ко...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
Лена - нов музички артист на нашата сцена Нашата земја е преполна со музички таленти и ни е навистина драго што имаме квал...
Колумбиец ја пее „Јовано Јованке“ во Канада: „Македонската музика го освои моето срце на начин што н... Колумбиецот Јанко Пенафорт е толку фасциниран од нашата музика, што го научил ма...
Во чест на Тоше – Кавер верзија на „Усни на усни“ на Стефан Спироски Тоше Проески човекот со богато срце, човекот кој поседуваше огромен талент. Тој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg