Северина ја објави најемотивната балада досега - посветена на нејзиниот син (видео)
За новиот хит на Северина, „Rođeno moje“, нејзините соработници велат дека е најдобрата балада што ја снимила досега.
И пред самата премиера, песната беше прогласена за нејзината најубава и најемотивна балада, најмногу бидејќи е посветена на нејзиниот син Александар.
„Ова е многу убава песна во која ќе се пронајде секој родител и секој човек… Кога Милош ми ја прати, во мене предизвика ерупција емоции и веднаш отидов да ја снимам. Пораката на песната е безусловната љубов“, изјави познатата пејачка.
Песната е напишана од долгогодишниот композитор на Северина, Милош Рогановиќ, кој е потпишан како автор и на „Kao Alcatraz“, „Grad bez ljudi“, „Italiana“, „Uzbuna“…
Според Милош, хрватската ѕвезда му се јавила летово и го прашала дали ќе сака да напише емотивна балада.
„Пред мене, кога ќе ја погледнам Северина, гледам голема ѕвезда, уметник, која е пред сè мајка, која се бори за доброто на своето дете. А притоа, мора да се бори и против разните негативни, несвесни луѓе, кои се обидуваат да ѝ ја отежнат таа борба“, вели композиторот.
Бидејќи и самиот е родител, добро му биле познати овие емоции и сакал да ги преточи во песна, па се родил новиот хит на Северина.
Песната е снимена пред еден месец во Загреб, а спотот е снимен во Љубљана.
Слушнете ја новата балада на Северина:
Спирова С. | Црнобело