Со Proud и I'll Never Love Again - Антониа Гиговска растури во суперфиналето на Ѕвездичките на Пинк (видео)
По 8 месеци воодушевување на публиката, Антониа го заврши натпреварувањето во Ѕвездичките на Пинк во вториот круг од суперфиналето, во кое се претстави со две извонредни изведби.
Во суперфиналето нашата Антониа се претстави со две песни кои звучеа извонредно.
Во првиот круг се претстави со евровизиската Proud, која звучеше светски, а на сцената кажа дека дури и Тамара ѝ честитала.
https://www.youtube.com/watch?v=IYOPOrxYW4E
Во вториот круг, се претстави со I'll Never Love Again од оскаровскиот филм A Star is Born, која ја изведе извонредно, а жирито изјави дека оваа изведба мора да ја слушне Лејди Гага, бидејќи со сигурност ќе го препознае нејзиниот талент.
https://www.youtube.com/watch?v=dDMqunrv7JQ
Публиката до доцните часови неуморно ги поддржуваше финалистите, а Антониа за жал не влезе во третиот круг на суперфиналето на Ѕвездичките на Пинк, во кој победи Сергеј Пајиќ.
https://www.youtube.com/watch?v=MURfyr6xmpE
Во изминатите месеци, Антониа немаше ниту еден лош перформанс, а публиката и жирито постојано ги оставаше со подзинати усти.
И во финалето таа доби одлични критики од жирито, стоечки овации и поддршка од фановите, кои веруваат дека таа е нашиот вистински победник иако не го освои првото место.