Валери, Џолин...Кои луѓе се кријат зад имињата во познатите песни?
Во музичкиот свет постојат многу песни чии наслови содржат одредено име, кое може да биде поврзано со позната или фиктивна личност. Постојат и песни кои се инспирирани од вистински луѓе кои им се познати само на авторите на песните.
Секој уметник има своја приказна зад името на песната, а ова се луѓето скриени зад имињата на некои испеани хитови.
Доли Партон - Jolene (1973)
Името на песната доаѓа од името на една осумгодишна девојка која сакала да земе автограм од Доли Партон за време на нејзин настап. Меѓутоа, самата песна не е за неа, туку за една жена која му давала премногу внимание на сопругот на Доли Партон.
The Smiths – Frankly, Mr Shankly (1986)
Невообичаените зборови и навреди на сметката на г-дин Шенкли биле начинот на кој Морисеј сакал да му се спротивстави на шефот на издавачка куќа, со која бендот во тоа време бил ангажиран.
The Knack - My Sharona (1979)
Песната е посветена на 17-годишна девојка која пејачот ја запознал кога имал 25 години и веднаш се заљубил во неа. Тие биле и верени, но на крајот, врската не им успеала, за разлика од песната која стана хит.
Марк Ронсон и Ејми Вајнхаус - Valerie (2007)
Иако оваа верзија на песната е најпозната, всушност се работи за обработка на песната на The Zutons од 2006-та година.
Песната е посветена на една пријателка на член на бендот, која тој ја запознал во Америка додека таа возела пијана.
Џенис Џоплин - Me and Bobby McGee (1971)
Песната е позната како хит кој излезе после смртта на пејачката. Џенис не е авторот на песната, туку Крис Кристоферсон и Фред Фостер. Вистинската Боби била девојка, секретарка на еден од пријателите на Фостер. Џенис Џоплин ја прослави песната, иако во нејзината верзија Боби е маж.
Елтон Џон - Daniel (1973)
Ова е една од песните на Елтон Џон која има најмногу погрешни интерпретации, можеби бидејќи го отфрлил последниот стих за да ја скрати. Песната е инспирирана од статија во весник за човек кој се вратил од војната во Виетнам, а посветена е на сите ветерани.
Ашера | Црнобело