По неизвесноста, донесена одлуката во кој израелски град ќе се одржи Евровизија 2019
По победата на Израел на Евровизија 2018 не беше сигурно во кој град од оваа држава ќе се одржи музичкото натпреварување во 2019 година поради безбедносната ситуација.
Но, сега одлуката е донесена и Евровизија 2019 ќе се одржи во Тел Авив, поточно во салата „Expo Tel Aviv“ на 18-ти мај 2019 година.
Полуфиналните вечери ќе се одржат на 14-ти и 16-ти мај.
Неколку израелски градови беа во трката за избор каде ќе се одржува големото музичко натпреварување, но на крај одлуката на одговорните за настанот беше Тел Авив.
Станува збор за вториот најголем град во Израел со популација од повеќе од 400.000 жители. Евровизија ќе се одржува таму за првпат.
Инаку, во 1999 година Евровизија се одржа во Ерусалим, главниот град на Израел.
С. С. | Црнобело