Бесплатен музички фестивал во Полска - искуство кое вреди да се доживее

Кога ќе се спомене Woodstock фестивал секогаш прво на памет ни доаѓа далечната 1969 година кога во Соединетите Американски Држави на сточарска фарма од 15 до 18 август бил организиран настанот кој бил посетен од 500.000 луѓе. 

besplaten muzicki festival vo polska koj treba da go posetite3 12

Џенис Џоплин, Sly and the Family Stone, Ричи Хеванс, Jefferson Airplane, Џими Хендрикс се само дел од изведувачите на историскиот настан.

Истиот фестивал е означен и како еден од миговите што ја има изменето рокенрол музиката.

Но, оние кои не се запознаени, и во Европа постои Woodstock фестивал во Полска, со мала измена што од годинава, поточно од 8 март 2018, фестивалот е преименуван во Pol’аnd’Rock.

besplaten muzicki festival vo polska koj treba da go posetite3 1

Од 2 до 4 август малото гратче Kostrzyn nad Odrą со неколку илјади жители, веднаш до германската граница и на 90 километри оддалечено од Берлин ќе биде место за илјадници луѓе кои што сакаат да уживаат во овој музички настан.

besplaten muzicki festival vo polska koj treba da go posetite3 10

Она што Pol’аnd’Rock го прави значаен е тоа што е бесплатен и веќе 24 години традиционално се одржува на иста локација.

Организаторот е фондацијата Great Orchestra of Christmas Charity на чело со Јурек Овшак, кој ја има добиено Интернационалната награда во музичка индустрија - MUSEXPO 2015 во Лос Анџелес.

Нивната цел е во текот на цела година да организираат хуманитарни акции и да собираат финансиска помош за граѓаните и истите да се донираат за помош на загрозени луѓе или за набавка на нови и современи апаратури во болниците низ Полска.

besplaten muzicki festival vo polska koj treba da go posetite3 3

besplaten muzicki festival vo polska koj treba da go posetite3 2

Сите музички бендови свират без хонорар пред пола милион луѓе. Годинава веќе се најавени голем дел од изведувачи, меѓу кои: Arch Enemy, Gojira, Goo Goo Dolls, Lao Che, Balkan Beat Box, Booze and Glory, The Inspector Cruzo и уште еден куп други групи кои ќе свират на неколкуте „стејџа“.

besplaten muzicki festival vo polska koj treba da go posetite3 4

Она што знам со сигурност е дека публиката која ќе присуствува на Pol’аnd’Rock е сосема дива, секако во позитивна смисла на зборот.

Без разлика кој и да свири, стотици илјади луѓе ќе скокаат, ќе се туркаат и играат во исто време. Тоа е нешто навистина моќно.

besplaten muzicki festival vo polska koj treba da go posetite3 7

Пред неколку години, кога настапувал The Prodigy имало речиси над еден милион посетители, а и нашиот Кирил Џајковски беше дел од фестивалот во 2013 година.

besplaten muzicki festival vo polska koj treba da go posetite3 9

besplaten muzicki festival vo polska koj treba da go posetite3 11

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
Слаткар и Тони Зен со нов хит: „Наша 10-та заедничка песна, да ни се множат“ „Милион лета“ е новата песна на Слаткар и Тони Зен која воедно е и нивна 10-та с...
Ана Петан на „Белградска пролет“ со песна од Копров „Балада за анѓел“ е песна на Григор Копров, со аранжман на Стефан Петановски а п...
„Его“ - нова песна и спот на Тамара Тодевска и Young Dadi „Его“ е новиот музички проект на Тамара Тодевска и младиот артист Young Dadi. Му...
Сара Мејс им подари химна на сите Хероини, кои секојдневно се борат со животните предизвици Сара Мејс го објави својот најнов музички проект „Хероина“. Станува збор за безв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg