Најтрогателната љубовна порака од насловите на песните на Елена Ристеска
Стојам пред тебе „без шминка“ со изгризени „усни како темно мастило“. Кажи ми „како да се радувам“ кога „есен во мене“ царува.
Навистина „немаш право да ми судиш“ кога не се потруди воопшто да траеме „доживотно“. „А можевме многу“, но сега е предоцна.
Живеев во „рај и пекол“ едновремено, но веќе ми е „доста“. „Не сакам да кријам“ дека повеќе немам ниту грам енергија.
Ова е „опасно време“ и мене „милионер“ не ми треба. Сакам да појдам „некаде далеку“, да си пеам „нинанајна“, да пијам „текила и лимон“ и „сакам по добро да те памтам“.
Колку и да „сакам да те галам“, воопшто не ми се допаѓа тоа „што си ти“, „не можам“ да останам...
„Вети“ дека ќе ме сакаш засекогаш и дека сакаш да сум среќна по секоја цена, затоа сега пушти ме.
Морам да живеам „без шминка“!
С. С. | Црнобело