5 песни во кои всушност не се пее за љубов
Голем дел од нас сметаат дека баладите или барем оние песни кои звучат романтично, се испеани за љубовта.
Во продолжение погледнете 5 примери кои го докажуваат спротивното:
„Got to Get You Into My Life" - The Beatles
Општо мислење за што се чини дека се пее во песната: убава љубовна песна за желбата да се биде со некого. Можеби една од најпознатите песни на Битлси во која нема дрога.
За што станува збор: Марихуана.
Се разбира, многу песни на Битлси се испеани за видови на дрога, но, оваа изгледа доволно невино што песната е дури и дел од саундтракот на филмот „The Minions“. Сепак, Пол Макартни знае да се пошегува: „Тоа всушност е ода за саксија, како што некој друг може да напише ода за чоколадо“. (Одата за чоколадото напишана во 1975-та година, сепак, е песна за дрога).
„Slide" - Goo Goo Dolls
Општо мислење за што се чини дека се пее во песната: убава класична љубовна песна од ’90-тите за грижата кон некого кој поминува низ тешки времиња.
За што станува збор: Абортирање.
Џони Ржезник, фронтменот на групата Goo Goo Dolls, изјави „...Песната всушност е за две деца, односно двајца тинејџери. Девојката забременува па така тие двајцата се обидуваат да одлучат дали треба да абортира, или треба да за венчаат.“ Затоа, не се препорачува изведување на оваа песна за време на вашата свадбена веселба, особено доколку дел од гостите ја знаат приказната за истата.
„There She Goes" - The La's
Општо мислење за што се чини дека се пее во песната: занес за жена која не можете да ја извадите од вашата глава.
За што станува збор: Хероин.
Фронтменот и текстописец на групата „The La’s“ долго време не сакал да коментира за значењето на оваа песна, меѓутоа премногу очигледно е дека истата е инспирирана од песната „There She Goes“ на „The Velvet Underground“ чијашто тематика е за дрога.
https://www.youtube.com/watch?v=xX9TDQcCyVE
„Follow Me" - Uncle Kracker
Општо мислење за што се чини дека се пее во песната: едноставна љубовна песна за среќа.
За што станува збор: Дрога и прељуба.
Творецот на голем број хитови, Анкл Крекер (познат како Kid Rock's DJ), во една прилика изјавил: „Слушнав дека многумина сметаат дека во песната пеам за дрога или за неверство. Точни се и двете работи. Но, дефинитивно никогаш не би сакал да кажам нешто поради што би можел да се најдам во неволја“.
„Tutti Frutti“ - Little Richard
Општо мислење за што се чини дека се пее во песната: Фина девојка со име Сју.
За што станува збор: Анален секс.
Навистина, тапанарот ги претставил и оригиналните стихови на песната и начинот на којшто тие ја изведуваат во клубовите:
Tutti Frutti, good booty / If it's tight, it's all right /
Тути Фрути, добар задник / Ако е тесен, сѐ е во ред /
And if it's greasy, it makes it easy
И ако е замастено, тогаш е полесно
Се разбира, песната сѐ уште може да биде и за љубовта, а вистинската снимена верзија која влезе во рокенрол историјата е и далеку помалку вулгарна.
С. У. | Црнобело