Наместо Ријана, хитот „Umbrella“ ќе го испеела Бритни - Познати песни наменети за други изведувачи
Дали може да ја замислите Бритни Спирс како го изведува хитот „Umbrella“ на Ријана? Или пак нејзината позната „Toxic“ да ја пее Кајли Миног, наместо неа?
Песните стануваат хитови најмногу поради изведувачот. Ќе се изненадите кога ќе видите за кого првично биле наменети овие познати поп хитови:
Никол Шерцингер ја одбила „We found Love“ на Ријана и Калвин Харис
Нејзиното објаснување било дека се обидува да лансира успешна соло кариера и ѝ било здосадено од денс музика. Се шпекулира дека и Леона Луис ја одбила оваа песна.
Ријана за малку ќе ја испеела „We can’t Stop“ наместо Мајли Сајрус
Малку недостасувало Ријана да ја прифати оваа песна, сé додека не ја слушнала „Pour It Up“, па се премислила околку изборот.
Канје Вест го напишал хитот „Gold Digger“ за женски рап изведувач
Нејзното име е Shawnna и веројатно се кае што го одбила огромниот хит на Канје, кој преправил дел од текстот и решил да ја испее песната во друштво на Џејми Фокс.
И Пинк и Хилари Даф ја одбиле песната „Since U been Gone“
На голема среќа на Кели Кларксон, хитот кој претставува химна на раскинувањата е токму нејзин.
„Umbrella“ била наменета за Бритни Спирс
Во 2007-ма година, песната ѝ била понудена на Бритни, со цел да ја освежи нејзината кариера, но менаџерот ја одбил.
На Кајли Миног не ѝ се допаднала „Toxic“
За среќа, Бритни го мислела сосема спротивното, а и песната и спотот станаа огромен секси хит.
Наместо „The Pussycat Dolls“, песната „Don’t Cha“ требало да ја пее Парис Хилтон
Тешко е да ја замислиме Парис Хилтон на местото на сексапилните „The Pussycat Dolls“, зарем не?
„I’m a Slave 4 U“ оригинално била наменета за Џенет Џексон
Наместо на Бритни, првично песната ѝ била понудена на Џенет Џексон, со цел да ја врати нејзината кариера во вистинската насока.
Селин Дион наместо „Aerosmith“ за „I don’t Want To Miss a Thing“
Хитот од филмот Армагедон за влакно ќе го испеела Селин Дион, наместо Аеросмит, а со нејзините уникатни вокални способности песната сигурно би звучела подеднакво моќно.
Најголемиот хит на Кајли во рацете на „S Club 7“
Заразниот хит „Can’t get you out of my Head“ на Кајли Миног, за малку ќе бил дел од музиката на британската поп група „S Club 7“, кои за среќа, ја одбиле песната.
Крис Браун ѝ ја препуштил „Disturbia“ на Ријана
Што ти се вика љубов. Крис Браун оригинално ја напишал песната за себе, но на крајот ѝ ја доделил на Ријана, која му беше девојка во тој период.
CeeLo не се усреќи со „Happy“ на Фарел
Најуспешниот хит за 2014-та година бил наменет за изведувачот CeeLo, но неговиот тим ја одбил „Happy“, a талентираниот Фарел успеа да продаде 14 милиони копии од песната ширум светот.
Дури тројца изведувачи ја одбиле песната „Don’t You (Forget About Me)“
The Fixx, Брајан Фери и Били Ајдол – сите кажале НЕ, кога станувало збор за култната песна од филмот „The Breakfast Club“. Дури и Simple Minds за малку ќе ја одбиеле, но за среќа нивниот тим ги разубедил.
(O)Милена | Црнобело