Најголемите заблуди за метал музиката

Металот, како жанр во музиката постои повеќе од 40 години, со сите негови поджанрови. Но, со текот на времето се имаат појавено многу предрасуди поврзани со овој жанр поради кои се создадени разни митови за метал музиката. 

Mitovi-za-metal-muzikata

Ова се некои од нив:

Хеви метал

Многу луѓе веруваат дека металот е хеви метал, иако хеви металот е само еден од поджанровите на метал музиката. Бендовите како Крим, Лед Цепелин и Блек Сабат го отвориле патотот кон металот со создавање на уникатен звук. Но, додека овие групи можат да се наречат хеви метал, мнозинството на луѓе кои не слушаат метал музика, особено постарите лица и тинејџери, целата рок музика ја нарекуваат хеви метал, бидејќи не знаат ништо за разновидноста во жанрот.


Варваризам

Метал музичарите се необразовани, валкани луѓе. Ова е чест мит поврзан со фановите и музичарите на овој жанр. Повеќето луѓе ги гледаат текстовите и музиката како едноставни и глупави. Во реалноста, повеќето метал музичари се многу интелигентни, фокусирани луѓе кои се способни да напишат длабоки и значајни стихови, како и музика. На пример, блек метал бендот Bathory користат многу класична музика во своите дела.


Анти-религија

Во повеќето случаи металот не е анти-верски воопшто, но често е против христијанството или формите на христијанство.


Сексизам

Иако понекогаш се чини дека многу метал музичари, особено кон крајот на 80-те години, биле опседнати со секс и жени, се работело за имиџ. Како што денес можат да се донесат погрешни заклучоци за секој вид на музика, особено за рап и поп музиката, во чии спотови честопати можат да се видат голи жени. Многу бендови, особено блек, грајнд и дум метал бендовите избегнуваат теми поврзани со секс целосно.


Талент

Метал музичарите не знаат да свираат и не знаат да пеат. Вистината е дека металот и џезот се двата најтешки музички жанрови за свирење. Во метал музиката ретко се користат дигиталните помагала, матрици и сл. Што се однесува до вокалите, секој жанр има одреден стил на пеење, од опера до врисоци, за што е потребна посебна техника на пеење и дишење. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Браво! Ана (13) од Битола остава без зборови со својот моќен настап на јуниорскиот San Remo (видео) „Кон крајот на јануари добивме официјална потврда дека сум примена да настапам н...
Македонски хитови кои добија модерна верзија: Преработки кои ни будат носталгија (втор дел) Наде Талевска во дует со хрватскиот пејач Жак Худек ја препеа „Остани во мене“ о...
Бојана Скендеровски ја промовираше новата балада „Лажни светови“ „Лажни светови“ е вистинска емотивна, женска песна, која Бојана ја носи маестрал...
Џез-музичарот Владимир Четкар со нова песна и спот, за летно уживање По неколкумесечна пауза, џез-музичарот Владимир Четкар сними нов спот, а песната...
Лена - нов музички артист на нашата сцена Нашата земја е преполна со музички таленти и ни е навистина драго што имаме квал...
„Скопје радост ти ќе бидеш“ - 11 песни посветени на главниот град кои секогаш ни будат среќни чувств... Знаете ли што им е заедничко на Нина Спирова, Тони Зен и Благица Павловска? Сите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg