Познати обработки на песни од помалку познати автори
За многу познати песни кои сте ги слушале или за кои сте слушнале веројатно им ги знаете авторите. Исто така постојат препеани песни, за кои, исто така знаеме дека не се оригинални верзии.
Но, што се случува кога ќе дознаете дека и т.н. оригиналната верзија на одредена песна, всушност не е оригинална верзија?
Ова се неколку познати обработки од помалку познати автори:
Piece of My Heart, Emma Franklin
Во 50-те и 60-те години имаше многу малку познати R&B песни. Можете ова да му го припишувате на американското општество и расните ставови во тоа време. Како и да е, оваа песна била прилично популарна на топ листите, но стана класика кога је обработи Џенис Џоплин.
Twist and Shout, Top Notes
Оригиналната верзија од Top Notes не стана популарна, сè додека не ја обработиле Битлси.
Killing Me Softly with His Song, Lori Lieberman
Оваа песна има многу обработки, од Роберта Флек, Лорен Хил до групата Fugees. Сепак, оригиналната верзија ја напиша Лори Либерман, во стилот на кантри музика на 70-те.
Tainted Love, Gloria Jones
Оваа песна не била популарна во Британија во клубовите за време на 70-те години. Стана популарна дури кога ја обработи бендот Soft Cell.
I Love Rock and Roll, Arrows
Покрај познатата обработка од Џоан Џет, песната исто така беше обработена од страна на Бритни Спирс и Кристен Виг.
М. А. | Црнобело