Мартија, Лоба, „Дајте музика“ - сите македонски претставници на Јуниор Евросонг (и нивните пласмани)
Во 2003 година првпат учествувавме на Јуниор Евросонг, Викторија Лоба и Марија Арсова завршија на 12-тото место. Кои пејачи беа наши претставници на ова натпреварување низ годините, кој ни беше најдобриот, а кој најлош пласман?
Денес (16.11) во Мадрид, Шпанија од 18 часот се одржува 22-то издание на Јуниор Евросонг.
Македонија досега имаше 21 претставник (не настапивме само во 2020 година во Варшава).
Додека го очекуваме настапот на Ана и Алексеј, кои ќе пеат седми по ред, да се потсетиме на сите македонски песни испеани на Јуниор Евросонг од 2003 година, до денес.
Кои беа македонските претставници низ годините (и каков пласман имаа)?
Копенхаген, 2003
Викторија Лоба и Марија Арсова беа наши први претставнички, а ја испеаја песната „Ти не ме познаваш“ и завршија на 12-то место.
Лилехамер, 2004
Мартина Силјановска ја пееше „Забава“ и се пласираше на 7-мо место.
Хаселт, 2005
За Македонија Настапи Денис Димовски со „Роденденски бакнеж“ и беше 8-мо пласиран.
Букурешт, 2006
Зана Алиу ја испеа „Вљубена“ и заврши на последното место.
Ротердам, 2007
И во Холандија имавме дует - Росица Кулакова и Димитар Стојменовски ја испеаја „Динг, динг, донг“, а на крајот беа 5-ти.
Лимасол, 2008
Боби Андонов дојде од Австралија да ја претставува Македонија, со песната „Прати ми СМС“, а на крајот беше 5-ти.
Киев, 2009
Сара Маркоска ја испеа „За љубовта“, а заврши на 12-тото место.
Минск, 2010
„Еооо, еооо“ пееше Ања Ветерова во Белорусија, па и таа се пласираше на 12-тото место.