Мина Блажев: Огромна е одговорноста да се пее „Море сокол пие“

Четвртата по ред нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“ е „Море сокол пие“ во изведба на младата и талентирана Мина Блажев, која вели дека е пресреќна што со својата изведба ќе придонесе за зачувување на нашето културно богатство.  

mina-blazev-ogromna-e-odgovornosta-da-se-pee-more-sokol-pie-01.jpg

„Ми претставува огромна чест и благодарна сум што сум дел од овој прекрасен проект, како и што со мојата изведба ќе придонесам за зачувување и негување на нашите македонски патриотски песни и културното богатство. Многу сум среќна што се споивме 12 одлични изведувачи и што заедно со целиот тим имаме една заедничка мисија, а тоа е на нашите македонски песни да им го продолжиме векот и да ги доближиме до новите генерации. Чувствувам огромна одговорност што во овој проект ќе се претставам со песната Море сокол пие“, која е една од моите омилени македонски песни и која на секое слушање буди посебни чувства во мене. Токму затоа и сакав оваа прекрасна македонска народна песна да ја слушнете во една поинаква верзија, полна со емоции и со еден посебен, мој личен печат. Со целиот тим сакаме да допреме до новите генерации, но, секако, во убавата песна да уживаат и постарите. Верувајте дека сите навистина се вложивме максимално во творењето на оваа верзија и сигурна сум дека по слушањето на истата и вие ќе го почувствувате тоа! Сигурна сум дека со овој проект ќе придонесеме за обединување на нашиот народ со вистината која ја носат овие патриотски песни и ќе успееме да ги оствариме и останатите цели на овој прекрасен проект!“, вели Мина уште еднаш порачувајќи сите да слушаме македонска музика и да си ги почитуваме и негуваме корените од каде што потекнуваме!

„Море сокол пие“ е македонска народна песна за која постојат неколку верзии, а се претпоставува дека првата снимка е направена врз основа на онаа најстарата датирана од 1837 година. Последната верзија, пак, во изведба на Мина Блажев е со потписот на Николче Мицевски, кој е автор на аранжманите на целиот проект составен од 12 нумери во изведба на 12 изведувачи, и од светот на фолкот и од светот на забавната музика. Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот се потпишува Скендеровски продукција.

Дел од „Македонијо во срце те носиме“ освен Мина Блажев, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски, чии изведби публиката веќе имаше можност да ги чуе, се и: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Марија Спасовска и Зуица Лазова.

Публиката ќе има можност сите 12 песни да ги чуе и во живо, бидејќи како дел од проектот наесен планиран е и концертен караван кој под истото име ќе ја обои Македонија во најубавите звуци - да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас.

Уживајте во изведбата на Мина Блажев и прекрасната „Море сокол пие“:

Би можело да ве интересира:

Преработки на македонски песни кои будат носталгија - Кои хитови добија модерни верзии? Тамара ја препеа „Шила“ од Маја Оџаклиевска, Каролина испеа своја верзија на пес...
Тамара Груејска сними спот за песната „Само насмевни се“ (видео) Тамара Грујеска го сними новиот спот на песната „Само насмевни се“, дело на Робе...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
Македонски хитови кои добија модерна верзија: Преработки кои ни будат носталгија (втор дел) Наде Талевска во дует со хрватскиот пејач Жак Худек ја препеа „Остани во мене“ о...
Антониа Гиговска инспирирана од вистински животни приказни: Слушнете ја моќната „Жена” (видео) Бура од позитивни коментари после одличното претставување на младата музичка ѕве...
Сара Мејс им подари химна на сите Хероини, кои секојдневно се борат со животните предизвици Сара Мејс го објави својот најнов музички проект „Хероина“. Станува збор за безв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg