10 најголеми книжевници на сите времиња чии дела претставуваат вистинско духовно издигнување
6. Фјодор Михајлович Достоевски
Фјодор Михајлович Достоевски e руски писател со украинско потекло. Како романсиер и публицист, тој е рангиран меѓу најважните писатели во историјата.
Роден е на 11 ноември 1821 година во Москва, а починаl на 9 февруари 1881 година во Санкт Петербург.
Во својата младост, поради отворено спротивставување на рускиот царски режим, тој бил осуден на смрт, но пред егзекуцијата, тој бил помилуван и осуден на затворска казна во Сибир.
Неговото име стои на самиот врв меѓу најдобрите писатели како Шекспир и Сервантес. Достоевски се смета за основач на психолошкиот роман и претходник на егзистенцијализмот.
Негови најпознати дела се: „Злосторство и казна“, „Идиот“, „Браќата Карамазови“, „Бесови“ и др.
7. Данте Алигиери
Името на овој италијански поет, воедно и претставник на хуманизмот особено се истакнува по неговото маестрално ремек-дело „Божествена комедија“ , кое се смета за дијамант на светската литература.
Во доцниот среден век немало поголем и повлијателен поет од самиот Данте. Други познати негови дела се: „Нов живот“,„Гозба“, „За народниот говор“ и др.
8. Mарк Твен
Семјуел Ленгхорн Клемeнс, попознат под својот псевдоним Марк Твен е еден од најистакнатите англиски писатели.
Светска слава стекнал благодарение на приказните за младински авантури, особено романите: „Авантурите на Том Соер“,„Принцот и питачот“,„Животот на Мисисипи“, „Јенки на дворот на кралот Артур“.
Твен патувал многу, користејќи ги набљудувањата и сознанијата од неговите патувања како материјал за неговите предавања и за пишувањето на неговите книги.
9. Мигел де Сервантес
Мигел де Сервантес е шпански романописец и поет, воедно и автор на првиот реалистичен роман во шпанската книжевност, „Дон Кихот“.
Познатата „борба со ветерници“ на овој писател му донесе светска слава, така што тој ја продолжил приказната за славниот витез, а дополнително објавил 10 новели.
Покрај романот „Дон Кихот“, во два дела, Сервантес ги напишал и трагедијата „Нуманција“, пасторалната повест „Галатеја“, збирката „Поучни раскази“.
10. Френсис Скот Фицџералд
Франсис Скот Фицџералд e американски писател на романи и раскази, чие литературно дело може да се смета за парадигма на времето на џезот, термин кој тој самиот го создал.
Френсис е еден од великаните на американската литература од дваесеттиот век, член на брилијантната, таканаречена „изгубена генерација“ заедно со Фокнер, Ернест Хемингвеј, Томас Волф.
Живеел во период обоен со боемска и книжевна атмосфера, низ изразена космополитска визија.
Негови најпознати дела се: „Големиот Гетсби“, „Оваа страна на рајот“, „Приказни од времето на џезот“, „Последниот тајкун“ (кој не е довршен).
Мила М. | Црнобело