3 нови книги што ќе ви ја наполнат душата со есенска убавина

Од авторката на Белешките на Лајла Грејс и Карма – Марија Јаневска, ни доаѓа најновата книга Асистола. Оваа и уште две други ги препорачува за полнење на душата со љубов и убавина. Нешто што ни е особено потребна оваа есен и годинава која е онаква каква што е.

3-novi-knigi-dusha-so-esenska-ubavina-01.jpg

Читајте, книгите се храна за душата:

Прирачник за прекрасни луѓе – Џенифер Спруит

Кога 22-годишната Марла ќе открие дека е неочекувано бремена, таа посакува семејство, но се соочува со несигурност и неизвесна иднина со нејзиното талентирано момче, Лијам, со постојаната опасност од нејзината цимерка Дани, некогашна проститутка и закоравен наркоман и некажаните, но преголеми потреби на нејзиниот помлад брат, Гавин, кој има проблеми со слухот…

3-novi-knigi-dusha-so-esenska-ubavina (3).jpg

Асистола – Марија Јаневска

По доживеаната лична трагедија, младата докторка Лена решава да го напушти својот живот во Виена и да се врати во родниот град.

Растргната е меѓу напорните болнички смени, редовните средби со психотерапевтот, задржување на пријателството… и забранетите чувства што ненадејно ја обземаат кон Гаврил, познат и шармантен хирург, кои можат да ѝ ја уништат целата кариера.

3-novi-knigi-dusha-so-esenska-ubavina (1).jpg

Постара, но подобра, сепак постара: уметноста на стареењето – Каролин де Мегре, Софи Мас

Со разиграна духовитост, светски совети и умешни забелешки, авторите се справуваат со париската уметност на стареењето. Каролин де Мегре и Софи Мас и овој пат ве забавуваат со тоа што го кажуваат она што не очекувате да го слушнете, но на начин на кој сакате да го чуете. 

Овие боемски парижанки даваат совети за љубовта, заведувањето, модата и љубовните состаноци, но и за семејството, работата, живеењето сама и прифаќањето на несовршеностите.

3-novi-knigi-dusha-so-esenska-ubavina (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 романи од Софи Кинсела што се читаат и во автобус Романите на Софи Кинсела нема да ве остават рамнодушни. Нејзините приказни се ис...
За секого по нешто: 3 книги што треба да ги имате на полицата Издвојуваме по една книга за секого: За безнадежните романтичари што сакаат да ч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg