Кои се најстрашните негативци во литературата?
Како што на секоја добра приказна и е потребен херој, така на секоја приказна и е потребен и добар негативец. Со оглед на долгата историја на литературата и неверојатен број на дела, тешко е да се избере најдобриот и најнезаборавниот.
Дали најмногу се сеќаваме на ликовите кои ни се најинтересни или на оние кои претставуваат најголема пречка за херојот за постигнување на целта? Ова е листа на некои од најстрашните негативци во литературата кои, на некој начин, ги сакаме.
Ени Вилкс - Мизери
Овој роман покажува колку обожавањето на нешто или некој лесно може да доведе до лудило и опсесија.
Писателот, кој доживува сериозна несреќа, добива помош од обожавателка која го негува во својот дом. Како што минува времето, тој сфаќа дека неговата негувателка е опседната со неговите романи, односно, неговиот лик наречен Мизери.
За жал, писателот ја убива Мизери во последната книга, но сега е принуден да напише нова верзија, со цел да преживее. Филмската адаптација на романот ѝ донесе Оскар на Кејти Бејтс за главна женска улога.
Патрик Бејтмен - Американски психо
Од првата страница е јасно дека Бејтмен е многу вознемирен човек, бидејќи целиот роман се одвива од негова перспектива.
Тој е сериски убиец кој тешко ги контролира своите болни инстинкти, а на крајот целосно ја губи контролата. Прикажан е како расист, хомофоб, нарцисоиден и ментално вознемирен човек.
На крајот од романот воопшто не сме сигурни дали тој навистина ги извршил сите опишани злосторства или не.
Професор Мориарти - Шерлок Холмс
Како да се пронајде соодветен антагонист за генијалниот детектив за кого не постои премногу тешка загатка? Со измислување на подеднакво брилијантна личност, која го користи својот ум за чиста злоба.
Ликот на професорот Мориарти е легендарен, најголем непријател на Шерлок Холмс.
Саурон - Господарот на прстените
Можеби еден од најпознатите негативи на сите времиња, Саурон, го создаде прстенот за да владее со Средната Земја. Неговата злоба е препознаена и уништена во физичка форма, но тој полека ја собира војската за повторно да го освои прстенот и да доминира над сите.
Она што е можеби најстрашното во врска со Саурон е тоа што тој не се појавува директно во книгата, туку добиваме само информации од приказните на другите ликови за него.
Се чини дека тој секогаш ги гледа, како огромно око, чекајќи го вистинскиот момент за ненадеен напад.
Ашера | Црнобело