Пармаковска, Станојоски и Прља во последниот круг од избор за „Роман на година“ за 2017
Романите „Одбројување“ (Или-Или) на писателката Фросина Пармаковска, „Апокалипса.мк“ (Готен) на писателот Бранко Прља и „Диссомнии“ (Антолог) на писателот Игор Станојоски влегоа во последниот круг од изборот за престижната награда „Роман на година“ за 2017 година што ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културни вредности „Славко Јаневски“, а до минатата година истоимената награда беше доделувана од згаснатиот „Утрински весник“.
На 15 март, по пат на тајно гласање ќе се соопшти добитникот на наградата „Роман на година“ во која се натпреваруваа 27 романи.
Жирито е составено од претседателот Давор Стојановски, писател и минатогодишен лауреат, како и членовите: Ристо Лазаров, писател, Иван Додовски, писател и професор на Универзитетот Американ колеџ од Скопје, Анета Дучевска, професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ и Катерина Богоева, новинар и член на Фондацијата „Славко Јаневски“.
„Одбројување“ (Или-Или) – Фросина Пармаковска
...уште десетина минути и целиот кошмар конечно ќе добие крај.
„Апокалипса.мк“ (Готен) – Бранко Прља
Роман за една дистопија или приказна за една реалност?
„Диссомнии“ (Антолог) – Игор Станојоски
Сижејно комплексен роман со исклучително непредвидлив тек на раскажаните настани.
Автор: Е. Х. | Црнобело